Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Муниам Алфакер




Муниам Алфакер е роден 1953 во Багдад, Ирак. Рано почнува да пишува; првите дела му се театарски претстави. Неговата прва театарска претстава е изведена во Багдад 1976 година. Поради цензурата и невозможните политички услови за време на диктаторскиот режим во својата земја, Муниам Алфакер пребегнува во Мароко, а оттаму во Либија, каде што работи за бројни весници и списанија во периодот 1981-1982. Во Либија ги објавува своите први песни. Подоцна, Муниам Алфакер се сели во Сирија, каде што во 1983 год. ја објавува својата прва поетска збирка „Далеку од нив“. Во 1986 година ја објавува втората збирка поезија „Различните“, која подоцна, во 1988 год. е преведена на француски. Во 1986 Муниам Алфакер се сели во Данска. Во 1988 год.ја објавува книгата „Облак во лет“ во двојазично издание, на дански и арапски. Втората двојазична книга „Криците се коњи на душата“ излегува во 1988 год. Збирката песни „Траги на водата“ е публикувана во почетокот на 1991 год. Во средината на 1993 год. во Париз ја објавува книгата „Nuage sur le depart“ во двојазична верзија на француски и арапски. Во 1994 год. заедно со данската поетеса Маријан Ларсен ја пишуваат драмата „Возот на детството“ која истата година премиерно е изведена во Копенхаген во Fiol Theater. Подоцна делото е објавено во вид на проза под истиот наслов. Во Норвешка е објавен избор од песните од трите поетски збирки на Алфакер издадени во Данска. Во 1994 Sina Publishing од Каиро ги објавува на арпски четирите книги поезија на Муниам Алфакер под еден наслов „Четири болки“. Денес Муниам Алфакер е главен уредник на „Ластовица“, списание за данска литература, култура и уметност, кое излегува на арапски. Во 1994 год. излегува збирката песни „Облека без тело“ за која ја добива наградата на националната фондација за уметност (Statens Kunstfond). Во март 1995 год. Муниам Алфакер ја добива и наградата за писател на данското библиотекарско здружение. Во 1998 ја објавува стихозбирката „Заедно“ во познатиот двојазичен формат, на дански и арапски. Книгата „Заедно“ е овјавена и во Мароко во 1999 год. под наслов „Оставка на срцето“. Во 2000 год. во Либија е публикувана новата збирка поезија со наслов „Ретко“. Последната негова книга се лирските творби под наслов „Книга на визии“, која излезе во Данска и Норвешка.



Блесок бр. 34, септември-октомври, 2003
      поезија: Записи






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+