Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Милош Коџоман II




Милош Коџоман II е роден 1952 година во Скопје, Република Македонија од татко стружанец, сликарот и академик Вангел Коџоман, и мајка Радмила Коџоман, професор по биологија. Завршил 1972 година во Училиште за применета уметност „Лазар Лнченоски“ отсек декоративно слжарство во Скопје. Дипломирал 1974 година на Педагошката академија „Климент Охридски“ во Скопје. Наградата за најдобар студент ја добива 1977 година на прославата по повод јубилејот 30 години од создавањето на Педагошката академија во Скопје. Во 1973 година станува член на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) и активно излага на повеќе групни изложби во земјава и во светот. Самостојно излага за прв пат 1973-74 година на тема „Дрога“ предизвикувајќи кај публиката поделени мислења и скандал. Ќе се формира од крајот на 60-те години во клима на поп и андерграунд случувања. Во 1978 година излага во комплексот на црквата „Свети Климент“ во Охрид заедно со колегите: Слободан Живковски, Драгољуб Бежан, Ангел Паневски - Моро и Симон Узуновски. Во наредните години ќе практикува повремено изработка на портрети во јаглен и пастел на разни места во Југославија, Италија, Грција и Франција. Во периодот меѓу 1980 и 1990 година се занимава главно со дизајнирање на кукли основајќи ја мануфактурната работилница „Палета“ каде вработува, меѓу другите и ликовно образовни луѓе. Во 1992 година склучува ексклузивеи договор со галеријата АРТКО од Тулуз (експерт Бернар Дифор) по што ќе следи соработка со „Куќата ДРУО“ во Париз (експерти Жоел Милон и Клод Робер), една од трите најпознати аукционерски куќи во светот (покрај Сотби и Кристи). Изложбата и аукцијата во Париз, со група македонски автори, ќе претставува поттик за неговото континуирано занимавање со сликарството. Во 1993-1994 година бил член на Управниот одбор, а во 2000 година избран е за потпретседател на ДЛУМ . Во 1999 година е направен филмот „Повик“ за ангажираната уметност и погледите на Милош Коџоман II чиј автор е Ана Глигорова (продукција А-1 Телевизија 1999 год. 50 минути). Во 2000 година е направен и вториот документарен филм за творечкиот профил на Милош Коџоман II, насловен „Долап“ чиј автор е Игор Шентевски (продукција на МТВ 2000 год. 40 минути).
Творечкиот профил на Милош Коџоман II е создаден од наизглед противречни настојувања, но тие ја отсликуваат неговата несекојдневна и атипична природа на човек и уметник.



Блесок бр. 34, септември-октомври, 2003
      галерија, изложба:






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+