Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Махмуд Дарвиш




Махмуд Дарвиш се смета за најважниот современ арапски поет денес. Роден е 1942. во селото Барвех во Галилеја, што било срамнето со земја од Израелците во 1948. За својата политичка активност тој бил повеќе пати затворан и ставан во домашен притвор. Бил уредник на весникот Итихад пред да замине 1971. на едногодишни студии во СССР. Потем оди во Египет; во Каиро работи за весникот Ал-Ахрам, оди во Бејрут, Либан, каде што е уредник на списанието „Палестински изданија“, а бил и директор на Палестинскиот истражувачки центар. До своето враќање во Палестина во 1996. бил член на Извршниот одбор на Палестинска ослободителна организација (ПЛО) и живеел во прогонство меѓу Бејрут и Париз.
Песните му се добро познати низ сиот арапски свет, а некои од нив се компонирани и како песни за пеење. Со годините поезијата му се здобила и со меѓународна слава, па некои од нив – од објавените 30 поетски и прозни збирки – се преведени на 35 јазици. Основач и главен и одговорен уредник е на престижното книжевно списание Ал Кармел, обновено во 1997 од центарот Сакакини, во кое е почесен член. Најпознати поетски книги му се: збирката љубовни песни Постела на странец (1998), поемата Мурал за искуството како осуденик на смрт во 1997 (2000), и последната Опсадна состојба (2002). Во 1997 за него е снимен документарец за француската ТВ.



Блесок бр. 36, мај-јуни, 2004
      поезија: Песни

Блесок бр. 54, мај-јуни, 2007
      поезија: Би биле среќни да ме видат мртов






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+