Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

В.С. Мервин




В. С. Мервин е роден во Њу Јорк, во 1927-та. Автор е на повеќе од петнаесет книги поезија, меѓи кои и Речен звук (1999), за која ја добил наградата на Њу Јорк Тајмс; Цвет и дланка: Песни 1977-1983 (1997); Лисица (1996); Патувања (1993), за која ја добил наградата за поезија Ленор Маршал; Вторите четири книги поезија (1993); Дожд во дрвјата (1988); Избрани песни (1988); Носачот на скалите (1970), за која ја добил Пулицеровата награда; Лишки (1967); и Маска за Јанус (1952), која Вистан Хју Одн ја избрал за Јејлската едиција на Помлади поети.
Мервин објавил и околу дваесет книги преводи, меѓу кои и Чистилиштето од Данте. Автор е на голем број драми, како и на четири книги проза.
Добитник е на многу награди: Ајкен Тејлор за современа американска поезија, Болинген, грант од Фондацијата Форд, Државната награда на Хаваи, Рут Лили за поезија, ПЕН награда за превод, Шели, Волас Стивенс, Лила Волас, ... како и наградите од фондациите Гугенхајм, Рокфелер, и Националниот фонд за уметности. Бил секретар на Академијата на американски поети, а сега е селектор за Јејлската едиција на Помлади поети. Живее и работи на Хаваите.



Блесок бр. 41, март-април, 2005
      поезија: Моите пријатели






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+