Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Роберт Крили




Роберт Крили (1926-2005), неодамна починатиот голем американски поет, е роден во Арлингтон, Масачусетс. Студирал на универзитетот Харвард, но во 1944/5 ги прекинал студиите за да учествува во акциите на американската војска во Бурма и Индија.
Својата прва песна ја објавил во Харвардскиот магазин во 1946. Од 1949 почнува и неговата преписка со В.К.Вилијамс и Езра Паунд, а следната година се запознал и со поетот Чарлс Олсон, кој – како ректор на експерименталниот уметнички колеџ Блек Маунтин во Сев. Каролина – го поканил да му се придружи како уредник на престижната Блек Маунтин Ривју. Преку своите критички текстови најмногу придонел да се образува новото повоено анти-традиционалистичко поетско движење во САД што се основа врз поезијата на Паунд, Вилијамз и Луј Зукофски, а го проширил и со поддршката на песните на Олсон, Роберт Данкан, Ален Гинзберг, Дениз Левертов, Едвард Дорн и други.
Има објавено над 60 книги поезија во САД и во странство, од кои поважни му се: За љубов: песни 1950-60 (1962), Прстот (1968), Подоцна (1979), Собрани песни, 1945-75 (1982), Огледала (1983), Градини на спомени (1986), Одбрани песни, 1945-90 (1991), Одеци (1994), Живот и смрт (1998), Токму на време: песни 1984-94 (2001), Да го пишував ова (2003). Објавил и еден роман, збирка раскази и десетина книги друга проза, есеи и интервјуа. Ги редактирал и Одбраните песни на Ч. Олсон (1993) и Волт Витмен (1973). Добитник е на многу странски и домашни награди, бил поет-лауреат на државата Њујорк 1989-91, а во 1999 е одбран за ректор на Академијата на американски поети.



Блесок бр. 42, мај-јуни, 2005
      поезија: Збогум






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+