Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Андреј Блатник




Андреј Блатник е роден на 22 мај 1963 во Љубљана, каде што студирал Компаративна книжевност и Социологија на културата. Магистрирал Американска книжевност, докторирал Комуникациски студии. Уметничката кариера ја започнал свирејќи бас гитара во еден панк бенд, пет години бил слободен писател, а сега работи како уредник во издавачката куќа Цанкарјева. Подучува креативно пишување и е член на уредувачкиот одбор на месечникот Литература од 1984. Член е на жирито на Виленица.
Досега има објавено два романи: Гламји и солзи (Plamenice in solze, 1987) и Тао на љубовта (Tao ljubezni, 1996) и четири збирки раскази: Букети за Адам исчезнувачкиот (Šopki za Adama venijo, 1983), Биографии на безимените (Biografije brezimenih, 1989), Промени на кожите (Menjave kož, 1990) и Законот на желбата (Zakon želje, 2000). Покрај ова, има објавено и збирка есеи за современата американска книжевност, особено за метафикцијата, насловена Лавиринти од хартија (Labirinti iz papirja, 1994), збирка културни критики Гледање преку рамото (Gledanje čez ramo, 1996) и збирка есеи за книжевноста во дигиталното доба Неонски печати (Neonski pečati, 2005).
Блатник има напишано пет радио драми а преведува од англиски (Силвија Плат, Пол Боулс, и др.).
Добитник е на неколку главни словенечки книжевни награди, меѓу кои и Златна птица, награда на Љубљана, и Прешернов склад. Преведен е на десетина јазици и застапен во бројни антологии. Законот на желбата на македонски ја објави Магор во 2005 година.

веб: http://www.andrejblatnik.com



Блесок бр. 44, септември-октомври, 2005
      есеи: Вечера за четворица






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+