Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
нова поетска едиција на блесок

Почнувајќи од 2009 година, Блесок секоја година ќе објавува по три современи автори во новата повеќејазична поетска едиција ЕваТас. Авторите ќе бидат објавувани на македонски, на англиски и на својот мајчин јазик. Македонските автори ќе бидат објавувани на македонски и на англиски.

Едицијата ЕваТас
е основана во сеќавање на Ева Тас (1915-2007), која својата оставина, преку истоимената Фондација, ја посвети на слободата на пишаниот збор, издаваштвото и читањето ширум светот.

Културна установа Блесок е основана во март 1998 и досега остварил мноштво книжевни проекти, од веб издаваштво до е-книги, од CD-ROM-ови до печатени книги. Нашата главна цел е објавување на високо-квалитетни книжевни дела, особено во областа на поезијата. Едицијата ЕваТас промовира современа поезија, зашто поезијата е суштината на животот: имајќи го на ум универзалното значење на поетскиот израз, Едицијата промовира трајни вредности.

Убаво опремените книги се печатени во тираж од 500 примероци, со просечна големина од 160 страници А5 формат, и се достапни во сите добри книжарници, како и во е-продавницата на Блесок и е-продавниците на нашите партнери.


Објавено во едицијата ЕваТас:
thumb

Танцувајќи во Одеса / Dancing in Odessa

Избрана поезија од Иља Камински, на македонски и англиски (2014) 

Превод од англиски: Игор Исаковски.

Едиција EvaTas, книга 18


thumb

Пепелашка во хромиран ковчег / Pepeljuga u hromiranom kovčegu / Cinderella in Chrome Casket

Избрана поезија од Звонко Карановиќ, на македонски, српски и англиски. (2014) 

Превод на македонски: Игор Исаковски. 
Превод на англиски: Ана Божичевиќ. 

Едиција EvaTas, книга 16 


thumb

Светлината ве чека на рецепција / The Light Awaits You at Reception

Избрана поезија од Игор Исаковски, на македонски и англиски. (2013)

Превод од македонски: авторот. 
Уредници: авторот и Румена Бужаровска.
 

Едиција EvaTas, книга 14

напиј се многу вода,
како мене да ме земаш,
и полна нас легни.


thumb

Балада за самотниот гостин / Ballad of the Solitary Diner

Избрана поезија од Тод Свифт, на македонски и англиски. (2013)
Авторски избор. 

Превод на македонски: Игор Исаковски. 

Едиција EvaTas, книга 15


thumb

Ги сакам исплуканите / Volim popljuvane / I Love the Ones They Spit On

Избрана поезија од Миле Стоиќ, на македонски, хрватски и англиски. (2013) 
Авторски избор. 

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Чарлс Симиќ, Ејми Гоп, Горан Симиќ и др.
 

Едиција EvaTas, книга 13


thumb

Под виножитото на ноќта / Under nattens regnbue / Underneath the Rainbow of the Night

Избрана поезија од Тристан Виндторн, на македонски, норвешки и англиски. (2012)

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Ингрид Хауг.
 

Едиција EvaTas, книга 12 

ова е самиот зачеток и семе 
за раса различна од цвеќињата 
закопани во црната почва…


thumb

Надживување / Surviving

Избрана поезија од Богомил Ѓузел, на македонски и англиски. (2012)

Превод на англиски: повеќе преведувачи. 

Едиција EvaTas, книга 11 

...дур не се застебли многугодишен 
онаму кајшто газеше најмногу 
твојот дом


thumb

Знам дека знаеш / Znam da znaš / I Know You Know

Избрана поезија од Мехмед Бегиќ, на македонски, босански и англиски. (2012)

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Корана Шегатало Делиќ.
 

Едиција EvaTas, книга 10 

во темнините на твојата најмрачна соба 
ќе биде изградена 
тајна исповедалница и слатко мачилиште


thumb

Асфалтни змејови / דרקוני האספלט / Asphalt Dragons

Избрана поезија од Рони Сомек, на македонски, хебрејски и англиски. (2011)

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Вивијан Идн и др.
 

Едиција EvaTas, книга 09 

Ноќните дождови ги мијат асфалтните змејови, 
остатоци од водата собрани во барички 
а во четири наутро јазикот на митот 
го допира работ од тротоарот.


thumb

Бришан простор / Erased Spaces

Избрана поезија од Катица Ќулавкова, на македонски и на англиски. (2011)

Превод на англиски: Бела Глигорова. Преводот го уреди Метју Мекдоналд. 

Едиција EvaTas, книга 08 

големо чистење
за големо полнење.


thumb

Ненапишана песна / Nenapisana pjesma / An Unwritten Poem

Избрана поезија од Јосип Ости, на македонски, хрватски и англиски. (2011)

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Марио Сушко, Ружа Кливленд, Борис А. Новак, Јудита Мија Динтијана, Евалд Флисар, Ана Јелникар, Стивен Вотс.
 

Едиција EvaTas, книга 07 

Со светлина на неочекуван спомен
го изгонува мракот кој снежи врз страниците на мојата
сè уште ненапишана книга.


thumb

Нуркање на здив / Ronjenje na dah / Breath-Hold Diving

Избрана поезија од Бранко Чегец, на македонски, хрватски и англиски. (2010)

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Борис Грегориќ и Марио Сушко.
 

Едиција EvaTas, книга 06

видов и едни модри, неуморни и предлабоки очи:
сакав во себе да ја потиснам страста за нуркање, но не можев
да го тргнам погледот


thumb

Читање на тишината / Čitanje tišine / Reading of Silence

Избрана поезија од Павле Горановиќ, на македонски, црногорски и англиски. (2010)

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Александра Никчевиќ.

Едиција EvaTas, книга 05

Понесени од тивок левант, сепак веруваме
дека вреди да се биде на ова патување.


thumb

Космополис / Kozmopolis / Cosmopolis

Избрана поезија од Алеш Дебељак, на македонски, словенечки и англиски. (2010) 

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Кристофер Мерил, Ендрју Завацки и Алеш Дебељак.
 

Едиција EvaTas, книга 04

со градите, во кои воздухот се претвора
во тон, дишам


thumb

Пофалба на невиноста / Lof Der Onschuld / In Praise of Innocence

Избрана поезија од Хенк ван Керквијк, на македонски, холандски и англиски. (2009)

Превод на македонски: Игор Исаковски.

Едиција EvaTas, книга 03 

Повторно си дете: сè е забрането.
Само што е постудено од порано.


thumb

Деновиве ако не и утре / One of These Days If Not Tomorrow

Избрана поезија од Јовица Ивановски, на македонски и на англиски. (2009)

Превод на англиски: Елизабета Баковска и др.

Едиција EvaTas, книга 02

кога друг пат ќе решиш да ми недостасуваш 
покажи ми првин како се пати громогласно


thumb

Споени лица / Spojena lica / Joined Faces

Избрана поезија од Сибила Петлевски, на македонски, хрватски и англиски. (2009) 

Превод на македонски: Игор Исаковски. 
Превод на англиски: Миљенко Ковачиќек и Сибила Петлевски.
 

Едиција EvaTas, книга 01

Не сме ние неизлечиви. Такво е добата.



Детали за промоцијата одржана во Скопје, на 16 октомври 2009 година.

преземете го промо пакетот (2009)


50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+