Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 01 | година I | март, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 01март, 1998
Проза

Три тетки

/3
стр. 1
Александар Прокопиев

    Така ги знаев: тета Наца, тета Менка, тета Дитка.
    Сите три – благословени вдовици. Слаби како виљушки, бели како брашно: нивните ретуширани грчки профили од врамените фотографии се вратија во негативот.
    Најстарата, тета Наца, во својата деведесетта, од прстите глисти ги изникнуваше Шопеновите полонези на раштиманото метално пијано. Средната, тета Менка, ми нудеше, на излупен послужавник, свеж вишнов сок и топли ванилички, посеани со цимет: „Не бој се, синко“, и по секој залак, заплашено потсетуваше: „Добро ли е?“… Кога ќе затоплеше, најмладата, тета Дитка, го изнесуваше телевизорот на западниот балкон, ќе го наместеше во насока на зајдисонцето и наметнувајќи се со ќебе, се впиваше во волшебниот екран. Велеше:“Телевизијата е уште едно мајсторство на итриот собирач Запад. На Исток почнува си – Сонцето, Господ, Писмото, Градот. Но, жештината е пресилна. Се изразува во пожар, во колеж, во гниеж. На Запад, работите се прифаќаат откако ќе го истрошат беснилакот. Потоа се прецизираат и употребуваат“. Пред телевизорот на тета Дитка бев сведок како Југославија станува полуфиналист во Чиле, како го убиваат Џон Фицџералд Кенеди, како Иво Андриќ добива Нобелова награда. Сезнајната ТВ имаше во тета Дитка најубедлив проповедник. „Постои и радио, синко, и весник“ – ќе пропелтечеше тета Менка и веднаш ќе се свиеше пред мојот зачуден поглед: „Сакаш ли, злато мое, слатко од лубеници?“.
    Си играв со дрвени, шарени коцки по мекиот, персиски тепих во големата дневна соба. Врз издолжените прозорци – залепена млечна Месечина. Трите тетки на три бидермаер фотелји – пијат чај. Колку и да се разликуваа физички, тие беа варијанти од едно исто тело.
    Тој дрзок дарител си ги распоредил органите и особините, втиснувајќи се надмоќно во секоја од нив: на тета Наца срцето и подвижноста, на тета Менка цревата и помирливоста, на тета Дитка нервите и досетливоста.
    Биолошкиот татко, прадедо ми Манас, кривоногиот Куман, грабливецот лихварски, премногу груб беше и низок за оној што го замислував во улогата на дарител. Иако, според кажувањата на тетките, пред него на краклињата буквите тревожно им се растрчувале низ устата, на стробјанците им слабееле колениците, а престрашените чираци-сираци со заклани грла чекореле наназад, не можев да замислам дека во овој алчен рисјанин постоел суптилниот фактор „меѓу“. Неговата природа ми се чинеше евтина, неспособна да се подари елегантно и ефикасно во суштествувањето на трите свои наследнички.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+