Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 06 | година II | јануари, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 06јануари, 1999
Звук Осврти

Интервју со Горазд Чаповски

/4
стр. 1
Игор Исаковски

Некаде во првата половина на 1998, гости на Игор Исаковски во радијската емисија “The Blues Brothers” беа Ристо Вртев и Горазд Чаповски. Текстот пред вас е вториот дел од тоа заедничко интервју, кое што е преуредено за потребите на БЛЕСОК Звук. Во меѓувреме, Кисмет го најде својот нов тапанар, Стефан Поповиќ, и одржа концерт во МКЦ, Скопје.

И.И.: Рековме поминаа скоро две години од кога последен пат се видовме, (и тоа беше во една Blues Brothers емисија). Кажи ми што се случи со тебе во овие две години?

Кисмет

Г.Ч.: Полно работи се случија, во секој случај. Тогаш правевме муабет за вториот албум, сега сме кај на третиот, цепаме напред, издаваме албуми…

И.И.: На минатото ќе се вратиме подоцна, а сега да почнеме со она што е најактуелно од '97 па наваму, албумот што се појави во издание на Tone Casualties, во САД, се вика “Wake Up Gods” – „Разбудете се богови“. Се будат ли луѓето?

Г.Ч.: Се будат полека. Во секој случај ова беше за нас многу важно, јас одамна веќе барав издавач, и во склоп на „Мизар“, еве го спомнувам и „Мизар“ како дел од тоа, и можам да кажам дека по 10 години најпосле најдов. Мислам дека во оваа работа навистина треба некој да застане позади тебе за да можеш да си ја работиш својата работа. Тое е тимска работа, во секој случај.

И.И.: Како си задоволен од работата со Tone Casualties?

Г.Ч.: Јас ги знаев нив преку списанија од порано и преку Интернет, нормално, така што на почетокот на '97 направив неколку демо снимки и едноставно им ја пратив касетата, и ја прифатија. Тука имаше една голема случајност, посебно тоа што Руди Кареро работеше во тоа време во „Tone Casualties“. Нему, уште на времето, кога бил во Словенија, некој му дал касета од „Мизар“. Беше тоа среќен момент бидејќи еве сега ги прашував дали примаат демо снимки. Тие ми кажаа дека немаат време за такви работи, бидејќи дека дури и по сто им доаѓаат неделно. Тоа бил среќен момент, и се поклопил со нашиот момент, им се допаднала музиката.

И.И.: Горазд, ти ми спомна дека тука има стихови од Иван Чаповски – татко ти?

Г.Ч.: Мене едноставно ми се допаѓа неговата поезија, така што земав извадоци.

И.И.: Знаеш, додека ја слушав оваа нумера („До следната војна“), а мора да кажам дека сега за прв пат го преслушувам овој албум со тебе, имам некои слики на луѓе кои со парталчиња бегаат некаде, одат изморени по некои






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+