Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Галерија Осврти

Мирослав Масин, „Риба-Птица-Жена“

/2
стр. 1
повеќе автори

_______________________________________________________________________

Мирослав Масин

Рибата, птицата, жената
    најубавини во своите средини.
    Се преплетуваат на платната и мешаат
    Се допираат и сексаат
    Водат љубов и се сакаат
    шаренеат, белеат и се чувствуваат.
    Се трансформираат
    од една форма во друга
    од друга во трета
    … во универзална најубавина.
    Понекогаш жената лета
    рибата бакнува
    птицата плива
    … весело, нели!
    Танцуваат по белината гушнати
    (и јас се вмешувам понекогаш).
    Ја впиваат љубовта
    а белото ја враќа
    ја рефлектира кон нас
    кон универзумот
    … кон бескрајот.

Елизабета Шелева

Кога чекориш низ белото…
    (Мирослав Масин „Риба-Птица-Жена“, КИЦ, ноември 2007)

„Сè до што се допре поетот и што претставува материјал за неговата песна, мора да помине преобразено низ него. И обратно. Ако мотивот е риба – тој мора во некој свијок на психата да мине секавично низ битието на рибата“. Така за својот творечки опит, сведочи книжевникот Ефтим Клетников. Но истото сведочење за неопходноста од предметно-личносната метаморфоза, можеби и во уште поголема мерка важи за творечкиот потход на сликарот, кој, благодарение на својата изместена/искосена перцепција, секогаш одново го освојува светот на појавностите, со обликот на своето дело претворајќи го во свет на суштини.
    

    Во актуелната ликовна поетика на Мирослав Масин, неоспорна и забележителна е постапката на стилизација – сведувањето на телесните ликови/форми до фундаментални белези: клун, око, задник, стапало – а потем и нивна слободна хибридизација: неочекувано спојување сè до степен на преплетување и/ли стопување на различните тела, животински видови и родови. Подложени на процесот на болна трансформација, затечените во природата облици, бои, граници – на стилизиран начин, стануваат заемно конгруентни, односно, истргнати од не-битие во битие како нови, овојпат хибридни суштества. Во своето позитивно, афирмативно, врз сликарското платно докажано и еднаш засекогаш освоено постоење.
    

    „Животното е отелотворена сегашност“ – кажува Артур Шопенхауер – животното е ограничено на видливото и сегашното, а, за разлика од човекот, исто така и „задоволно од голото постоење“.
    

    Овие, само условно земени, артистички „животни“ од најновите платна на Мирослав Масин небаре го посведочуваат актот на голата радост, која произлегува од пенетрантно нанесените бои врз платното, од голиот (нецензуриран) стисок на раката врз тубата со боја или едноставно од „дигиталниот“ пристап – т.е. директното, со гол прст (наместо со медијатор-четка) сликање.
    

    Од стартната, бела нула на платното, сè до лежерно изведениот, бел потпис – провејува стилогениот ефект на речовитата, пластична Белина, артистички контролираната екстаза, несомнено тактилната (ејакулативна) дисперзија на белината, копнежот по толку тешко достижната едноставност.
    

    И белиот потпис има стилоген учинок – и богат асоцијативен простор, токму за одбраните, кои не умеат само да ја препознаат, туку и вредносно да ја степенуваат несводливоста на белото.
    

    Белото, но






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+