Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Звук Осврти

Атмосфера на топлина и непосредност

Брајан Фери во Скопје


/2
стр. 1
Ангел Ситновски – Бојс

Пред многу години, сонувавме во Скопје да гледаме концерт во живо на некоја актуелна светска музичка ѕвезда, а денес, кога сонот стана стварност – публиката започна да избира на кои концерти ќе оди!
    На осми октомври во Универзалната сала гостуваше Bryan Ferry, а неколку дена подоцна, на тринаесетти, во истиот простор, свој настап имаше и David Sylvian.

Ова е второ гостување на Брајан Фери во Македонија, по минатогодишниот настап во Охрид со неговата група Roxy Music. Овој пат, во рамките на балканскиот дел од неговата европска турнеја, која ја организираше Авалон продукција од Скопје, тој на концертот во Универзалната сала го промовираше материјалот од својот нов соло проект наречен Dylanesque. На овој албум се наоѓаат обработки на великанот на рок музиката, Боб Дилан.
    Концертот, во преполната Универзална сала, започна со десетина минутно задоцнување, а беше отворен со две песни од црномурестата пеачка од неговата придружна група, која самата се придружуваше на акустична гитара. На саксофон ја придружуваше Иан Дискон (Ian Diskon), сешн музичар кој има настапувано со легендарните Кинг Кримсон (King Crimson).
    Со појавувањето на Брајан Фери започна главниот настап. Елегантно облечен, во црно светликаво палто, црни пантолани и бела кошула, тој уште пред да запее, од публиката беше поздравен со бурни овации. Многу чудно изгледа, како оваа икона на рок музиката, која денес има 62 години, успева да го сочува атрактивниот и младешки изглед!
    Брајан Фери е со децении присутен на светската музичка сцена, како еден од најголемите и најхаризматичните фронтмени во историјата на современата рок музика. Од неговите најрани снимки со групата Рокси Мјузик, од седумдесеттите години на минатиот век до денес, тој го зазеде своето место во рокот како еден од најиновативните пејачи, во што се уверија многумина кои дојдоа да го гледаат на скопскиот концерт. Уживавме таа вечер во оригиналноста на неговиот брилијантен вокал, во неговата способност да соединува музички стилови – од француски шансони, до класично пеење и изострен хард рок. Репертоарот беше составен од најпознатите песни на Рокси Мјузик, хитови од неговата успешна соло кариера и секако обработките на Дилановите песни, објавени на неговиот последен соло албум. Песните од “Dylanesque”, иронично, не звучат баш дилановски. Нема во нив соло акустична гитара, нема органа и – најпосле – ја нема онаа, дива, но жива музика, нема многу нешта што би асоцирале на звукот на Боб Дилан. Песните на Дилан звучат „фериевски“ и во нив тој ја внесува својата вообичаена распнатост помеѓу копнежот и мелодрамата.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+