Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Звук Осврти

Кога поетот спие со ангелите

Дејвид Силвијан во Скопје


/2
стр. 1
Ангел Ситновски – Бојс

На 13-ти октомври во не баш преполната, ладна и дотраена Универзална сала, имавме можност да гледаме уште едно големо име на светската современа музика. Овој пат, повторно со посредство на скопската „Авалон“ продукција, за првпат го гледавме кај нас познатиот David Sylvian, кој настапи во рамките на својата турнеја The World is Everything.

Дејвид Силвијан во 2007 година е многу далеку од своите музички почетоци, од ерата на пост панкот и новиот романтизам. Од времето на неговите денови со Japan, неговата музика до денес помина низ многу уметнички промени, за кои многу музичари немаат доверба или талент да ги остварат.
    Дејвид Силвијан својата музичка кариера ја започна како пејач, композитор и поет во некогаш популарната група Japan. Групата го имаше својот најголем успех во 1982 година со песната Ghosts, која стигна на третото место од топ листите во Велика Британија. Таа песна на некој начин упатуваше на правецот во кој ќе се движи Силвијановото уметничко творештво.
    Подоцна Силвијан за оваа песна ќе каже дека со неа пробил некоја граница во себе, дека допрел нешто искрено. После создавањето на оваа песна тој чувствува обврска да го најде својот сопствен пат во музиката и, пронаоѓајќи ја својата боја на гласот, да следи некој внатрешен душевен повик.
    Понатамошната музичка кариера на Силвијан во многу нешта ја обележува познатиот јапонски композитор Ryuchi Sakamoto. На почетокот на 1983 година, Сакамото го повикува Силвијан да ја напише и да ја изведе вокалната варијанта на многу познатата и наградувана филмска тема Merry Christmas Mr. Lawrence. Резултатот беше Forbidden Colours, неговиот прв интернационален хит. Од тогаш, Сакамото за него остана голем извор на вдахновение. Во 1984 г. Силвијан го прави своето ремек-дело Brilliant Trees. Беше тоа негов прв соло албум на кој гостуваа многубројни познати музичари: Sakamoto, Holger Czukay, експерименталните џез трубачи Joe Hassell и Kenny Wheeler, како и членовите на Japan, тапанарот Steve Jansen и клавијатуристот Richard Barbieri. Со овој албум стигна на четвртото место на британската албумска топ листа.
    Понатамошната Силвијанова уметничка работа вклучува и различни експериментирања со визуелните уметности. Многу специфични, јаки и интересни моменти Силвијан проживува во текот на работата на албумот Gone to Earth на кој тој има нови соработници. Еден од најважните е Robert Fripp, член и водач на легендарните King Crimson, а тука е и Bill Nelson. Албумот е издаден во 1985 година, а на него се наоѓаат седум вокални и десет инструментални композиции. За овој албум Силвијан добива извонредни критики. И следуваат успеси, сè






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+