Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Галерија Осврти

Новиот и (не)познатиот Чемерски

или: Во слава на сликарството


/4
стр. 1
Златко Теодосиевски

1.

Чинам дека не случајно Phillipe Davett, ликовниот критичар на угледниот “Le Mond”, пишувајќи за македонската изложба „Дијалози: македонската уметност денес“ во Париз 2003 година, меѓу сликарите посебно го издвои / „го препозна“ Глигор Чемерски и неговиот експресионизам како актуелен европски израз[1]. Зашто уметноста на Чемерски веќе полни четири децении наликува на „… една авантура чија цел била да ги премости навидум несовладливите бездни на раздалечените простори и времиња, кои – како што покажува творештвото на овој сликар – не се несовладливи за духот“ (Влада Урошевиќ).
    

    Творештвото на Глигор Чемерски објективно е единствено и неповторено во ликовната уметност кај нас. Иако во пројавниот слој децидно експресионистичко, неговото сликарство, сепак, како да „се извлекува“ од премногу тесните типизирани одредници на класичните ликовни поделби на „експресионизам“ / „надреализам“ / „симболизам“ итн. Уметниците од мајсторскиот сој на Чемерски, по правило, појасно се согледуваат вон стереотипите, во пошироки филозофски / културолошки опфати. А, во еден таков широк контекст, неговото сликарство, денес, слободно можеме да го акцентираме како предвесник на постмодернизмот кај нас, а Чемерски како „сликар кој азбуката на постмодернизмот ја носел директно во гените многу години пред таа да се ‘појави’ на европската сцена“[2]! Поточно, творечките рефлекси кај Чемерски „… истражуваат, испитуваат, толкуваат, преработуваат … ликовни искуства на величествени епохи, на големи поединци, на анонимни мајстори. Впрочем, тоа, од една страна, е негов природен хабитус – антиката, Стоби, сатирите, митологијата … и културно наследство – македонската варијанта на византискиот живопис, Курбиново, Света Софија …, за да, од друга страна, никогаш не остане вклештен само во националното и традицијата, туку сосема отворено да бара дијалог и со Цивилизацијата во најшироката смисла на зборот – јужноамериканската култура, Ел Греко и шпанските мајстори, Делакроа, Пикасо …“[3]! Или, како што вели и самиот Чемерски, „античките пасторали, библиските драми, радоста, плодноста и изобилието се живи и сега. И страдањето, исто така. Подеднакво сум инспириран да сликам од сè што ме весели или ме мачи (…) Во мене ги носам и рицарот и змијата, принцезата, сирените и жените јаболкниците како потомство на Ева“[4].


    2.

Велат дека, вообичаено, кај повеќето уметници, творечкиот жар опаѓа со физичката зрелост. Кај Чемерски овој „принцип“, ако воопшто постои, е обратно пропорционален. Последниве години – во годините на физичката (и творечката) зрелост – Чемерски како да работи најмногу! Како да е под константна „творечка температура“ која што не се симнува со регуларни, овоземни и, за просечни луѓе, средства. Но, не само во активното сликање, туку

_____________________________________

1. Philippe Davet, L'art macedonien, ou l'echo violentdes soubresauts historiques, Le Monde, 04.04.2003
2. Златко Теодосиевски, Вистински постмодернист, ЗУМ, 2002, Скопје
3. Исто
4. Alex Krtov, The Fever Overcome, (каталог Gligor Čemerski & His No Boundaries Friends), Gral Advertising, Skopje, 2005






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+