Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 57 | година X | ноември-декември, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 57ноември-декември, 2007
Проза

Првиот дијалог

извадок од романот „Дванаесеттиот дијалог“


/11
стр. 1
Том Петсинис

Уште еден ден со шест аспирини, се помирува Соња Гор, сопственичка на продавницата за користени книги БИБЛИОФИЛ. Мрштејќи се, посега по тенката мека книга од купот врз пултот. Рано утрината отиде на пазарот на другата страна од градот, каде, инстинктивно бирајќи од огромната понуда, речиси до пукнување наполни два големи куфери. За миг се загледува во книгата, збирка песни. Има ли некаква вредност? По која цена да ја продава? Со истата дилема се соочува пред секоја книга: како да ја помири суштинската вредност со реалната цена. Божем шести прст, цигарата во нејзината десна дланка испушта линија чад кој се витка и кривули и се крева во спирала како курзивен текст, покривајќи ѝ го лицето со својата густина пред да одлебди кон страниците и да им додаде значење на книгите цврсто натискани една до друга на полиците. Зошто ова не е идеален свет? Книгите ќе беа бесплатни, или барем приближно еднакво вредни. Вака, мора да ги смета за луксуз и на секоја да ѝ ја проценува продажната вредност. Поезија! сега се кори себеси, гребејќи ги фосилизираните остатоци од книшки молец на насловната страница. Како не ја видела кружната кафена дамка на задната корица? Што ја натера да ја купи? Самата многу добро знае дека поезијата не се продава, особено самиздатите. Дали ја привлече корицата, нацртана со јаглен, скица на изгорено дрво со корењата в небо? Или, пак, звукот на авторовото презиме, Пепел? Вртејќи ги страниците кафени речиси како паднати дабови лисја, забележува стар возен билет, од оние кои со години веќе не се издаваат. Готова е да го фрли, но ја сопира чудна мисла: книгата патувала низ времето со овој билет, и можеби уште не стигнала до своето конечно одредиште. Уште колку далеку и долго ќе патува со овој билет? си мисли, враќајќи го билетот точно на место.
    Во студеникавиот мрак на мугрите, додека продавачи од сите сорти ги поставуваа тезгите и се задеваа меѓу себе, ја привлече чувството во неколку песни и таа, без размислување, ја стави книгата во својот куфер. Внимание, сега се советува себеси. Биди повнимателна околу тоа што внесуваш во продавницата. Оваа работа изискува интуитивен осет за моментните вкусови и трендови, шесто сетило за книги кои минуваат од рака в рака. За да ја преживееш сегашната рецесија, мораш да бидеш стамена пред книгите кои плачат по сочувство. Одбегнувај го сожалувањето кое им нуди долготрајни засолништа на само-објавените автори. Удолницата кон банкротирањето е поплочена со добри намери. А оваа


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+