Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 57 | година X | ноември-декември, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 57ноември-декември, 2007
Есеи

Новото лице на театарската музеологија

или Минатото во иднината


/7
стр. 1
Ана Стојаноска

За почеток, како „ударна доза“ некои лични варијации на тема паметење – некои од нив базирани на истражувањето на темата, некои како лично себеспознание. Некои повеќе уметнички отколку научни.

    Да се памети, значи да се сонува.
    Да се памети значи да се знае.
    Да се памети значи да се има луциден однос кон она што минало.

    Во системот на паметењето во културите, на организираното собирање на есенцијалните придобивки, сеќавањата се сместени во конкретно прецизирани утврдени простори – музеи, архиви, институти. Во сите тие места сериозно и одговорно се колекционира минатото.
    Театарското сеќавање не е само лично сеќавање што го чува еден човек, без разлика дали е тоа актер, режисер, сценограф, писател, гледач, критичар. Театарското сеќавање исто како и самиот театар е колективно, повеќебројно, мултиплексно и е множество од лични и официјални сеќавања. Затоа, провоцирана од темата на денешната конференција, решив да пишувам за театарската музеологија, однатре, непосредно, лично и официјално истовремено. Поточно, за нејзиното ново лице, за начинот на кој еден етаблиран систем на архивирање на културни вредности се активира во современи/денешни услови – во период на глобална дигитализација. Можностите што ги нуди дигитализавцијата, на музејот, односно, на театарскиот музеј го носи/пренесува/транспортира/катапултира минатото во иднината. Истражувањето е направено на неколку конкретни музејски постановки, но и на личниот ангажман на одредени збирки што се чуваат во Институтот за театрологија при ФДУ – Скопје. Истржувани се on line збирките на Театарскиот музеј од Лондон, на постојаните постановки на МХАТ и на други големи репрезентативни театарски куќи, како и класичните музејски збирки на Театарските музеи во Белград и Софија. Непосредниот однос на истражувачот и неговото директно вклучување не само во процесот на набљудување, туку и во процесот на создавање на предметот на проучување, донесува специфичен контекст во кој се транспонира оваа студија.

Од овде до таму… меморија

На театарот му треба сеќавањето. Сеќавањето го продолжува театарскиот чин. Доколку не постои комплетното, колективно паметење (не во психолошкиот контекст општопознат како колективна меморија), ќе исчезне и театарот. Компетентноста на театарското сеќавање е во неговиот колективизам, во можноста да се искористат повеќе извори за да се претстави ова искличително уметничко дело. Театарската уметност која не е само театарската претстава, туку и сите изведбени/перформативни дела, би требало да се чува, да се архивира на специфичен начин, наметнат од основните изразни средства. Како што во почетокот на каталогот за постојаната постановка на Театарскиот музеј при „Викторија и Алберт“ Музејот во Лондон/Theatre Museum – Victoria and Albert Museum, London, е напишано – „Театарот е магичен






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+