Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 57 | година X | ноември-декември, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 57ноември-декември, 2007
Критика

Читање меѓу редови

(Том Петсинис, „Дванаесеттиот дијалог“, Блесок, 2008)


/1
стр. 1
Ник Ричардсон

    Од мигот кога ќе ја отворите оваа книга, ве пречекува чуден и несекојдневен свет.
    На површината, ова е едноставна приказна. Една млада жена која сака книги отвора книжарница за користени книги.
    Таа е особен карактер, посветена е на книгите, кон нив се однесува како нешто повеќе од обични зборови врз хартија.
    Додека се обидува да се справи со рецесијата, во продавницата открива серија мистериозни дијалози, адресирани до неа.
    На почетокот, не е сигурна кој ги праќа. Тие се еден вид емотивна награда.
    Дијалозите се чудно изведени разговори меѓу различни историски личности, меѓу кои се и писателите Ернест Хемингвеј и Франц Кафка, и Мојсеј и Маркс.
    Книжарката полека остварува контакт со авторот на дијалозите, а тука се крие и решението за нејзините финансиски проблеми.
    Ова воопшто не е конвенционален роман, а сепак е изграден врз романсиерските конвенции на раскажување. Станува збор за нежна и привлечна претстава на еден емоционален пејзаж.
    Тука се и длабоките философски дискусии, кои се изведени вешто и со елеганција.
    Том Петсинис напишал ретка книга. Не само што претставува читателска фасцинација, туку успева да вметне и широк спектар идеи.
    Ова е привлечно раскажување, изведено едноставно и со вештина.

Превод од англиски: И. Исаковски






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+