Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 57 | година X | ноември-декември, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 57ноември-декември, 2007
Галерија Осврти

Секс со духови

Сенки


/2
стр. 1
Влатко Галевски

Сценарио и режија: Милчо Манчевски
    Улоги: Борче Нацев, Весна Станојевска, Филарета Атанасова, Сабина Ајрула
    Кинематографер: Фабио Чанкети
    Музика: Рајан Шор

Со Пред дождот, Манчевски антиципира
    Со Прашина, жонглира
    Со Сенки, симулира

По проекцијата на Сенки, една повозрасна госпоѓа пред ТВ-репортерот коментираше: „Не сум сигурна дека ја разбрав содржината, но режијата и музиката ми се допаднаа“. Еден од коментарите на Манчевски за својот филм е дека Сенки воопшто не е правен за американската публика, веројатно плашејќи се дека поттекстот за Егејците ни оддалеку не е атрактивен колку што би била тоа приказна за Амишите, на пример. Но, и на односната дама (која не е Американка), и која веројатно оди во кино од премиера на премиера, сепак нешто од приказната не ѝ било јасно.

ФОРМАЛЕН АСПЕКТ – ПТИЧЈА ПЕРСПЕКТИВА

Во суштина, ова е наједноставниот и најразбирливиот од трите филма на Манчевски. Неговиот „маркетиншки трик“, да ги амалгамира локалната егзотика и космополитизмот, во Сенки е најмалку потенциран, но и најдобро функционира. И, што помалку се занимава со формалното во приказната, Манчевски сè повеќе добива на визуелното. Ќе се осмелиме да кажеме дека Сенки е занаетски најдобриот негов филм, конзистентен и речиси без мани. Соработката на режисерот со снимателот Фабио Чанкети и дизајнерот на продукција Дејвид Манс, евидентно донесува квалитет.
    

    Но, не сè што доаѓа до нашите сетила од големото платно, можеме да го оцениме како позитивно. До нашите уши доаѓаат реплики, текст, дијалози кои често не кореспондираат со логиката на обичниот, но и на филмскиот јазик, една чудна јазична синкретика (на Ти, па на Вие) која создава дистанца кон ликовите, скепса кон логиката на нивното однесување. Следната „недоследност“, која во очите на посетителите најчесто е доживеана како атракција, е манирот на цитирање во која Манчевски во трите свои филмови е „консеквентен“, но овојпат со слоновска доза на позајмени сцени. Да тргнеме од најбаналниот Дух на Џери Цукер (претворањето од човек во дух и обратно; сообраќајната несреќа на Патрик Свејзи): преку култниот Сјаење на Стенли Кјубрик (сцените со бабата во бањата и птичјата перспектива на возењето автомобил низ кањонот); па сè до некои детали од филмови на Линч (Твин Пикс) или Кроненберг (Гол ручек) или Донер (Омен)…
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+