Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 06 | година II | јануари, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 06јануари, 1999
Звук Осврти

Акултурацијата како елемент во создавањето на православната монодија во византиско-словенската музика во Македонија

/5
стр. 1
Борис Ортаков

    Императив на секое разгледување на византиската музика мора да биде неоспорниот факт за единството помеѓу тонот и зборот во црковните песнопенија. Кога В. А. Преображенски, говорејќи за руско-визнтиската практика вели дека „во основата на музичкиот израз лежи истата онаа форма која е спроведена во основата на книжевниот израз“[1], тој смета на истородната динамика на внатрешното одвивање, и на музичкиот но и на книжевниот развој, во рамките на една иста творба. Оттука, не е тешко да се заклучи дека суштинските карактеристики на македонско-црковниот јазик се истовремено и естетски детерминанти на музиката. Вплотени во песнопенијата напишани на тој јазик. Секоја промена во динамиката на текстуалното одвивање, што во крајна линија партиципира во естетското битие на конечната форма, значи и промена во динамиката на звучното осмислување на соодветниот текст.
    Еден од најкомплексните проблеми со кои се соочува музичката византологија во врска со византиско-словенската музика е проблемот на музичката интерпретација на текстовите, во зависност од историските мени на бројните теориски аспекти на таа музика. Интерпретацијата на црковно–музичките текстови е зависна од два, од своја страна пак, исто така меѓусебно зависни елементи: првиот е пишаната, а вториот-усната музичка традиција. И покрај егзистирањето на невматската нотација (почнувајќи од Х век), византиската и православната словенска црковна музика, уште од своите почетоци па сè до денешни дни, најчесто се пренесуваат по устен пат[2]. Тоа значи дека и покрај базичното потпирање врз пишаната традиција, музичката визнтологија ќе мора да изнајде соодветна методологија и техника за разоткривање на бројните аспекти кои ја истакнуваат пресудната улога на усната музичка традиција во трансмисијата на ракописите низ вековите.
    Од аспект на акултурациските процеси, значајни се оние гледишта, кои иако потекнуваат од етномузиколози и се однесуваат на народната музика, фрлаат светлина и врз истородните процеси во црковната, т.е. Византиско-словенската музка. Впрочем, фактот дека црковната и народната музика претставуваат едно исто, на почетокот од развојот на византиско-словенскта музика, не обврзува да навлеземе подлабоко и во етномузиколошката сфера. Така, според Јерко Безиќ, главните носители на таквите процеси се, пред се, повештите и по правило нешколувани пеачи и свирачи, кои спонтано и со задоволство ги прифаќаат музичките појави од други култури[3]. Тука се издвојуваат поискусните и повештите пеачи и свирачи, бидејќи тие најчесто се предводници на песната и на свирката, а посебно затоа што ширењето на некој нова музичка појава е длабоко зависно од тие изведувачи. Она што тие ќе го прифатат, смета Безиќ, тоа постпено ќе го прифати и целата заедница, која со задоволство ги следи истакнатите пеачи

_____________________________________

1. А.В.Преображенски, Култовата музика во Русија, Ленинград, 1924, с.10
2. Даница Петровиќ, Осмогласник у музичкој традицији Јужних Словена, Београд, 1982, с. 17
3. Јерко Безиќ, „Акултурација као могучност даљег живљења фолклорне глазбе“, Звук (Сарајево), бр.2. 1974, с. 149






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+