Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 57 | година X | ноември-декември, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 57ноември-декември, 2007
Галерија Осврти

Славица Јанешлиева – Калемење

Мултимедијален центар Мала станица, октомври 2007


/6
стр. 1
Златко Теодосиевски

1.
    Темата за бегалците/бегалството е една од т.н. вечни теми, тема што буквално и апсолутно комуницира со сите цивилизациски кодови на постоењето. Низ неа / во неа директно се прекршуваат / се обединуваат суштествени егзистенцијални и морални, филозофски, социолошки … и секакви други аспекти / консеквенци на човековата судбина. Но, едновремено, бегалската тема е далеку од некакво можно рационално промислување; таа е крајно стресна, емотивна содржина пред која што речиси и не може да се застане со подготвен одбранбен механизам на незаинтересираност или со „ладна глава“. Зашто, пред сè, бегалството/изгонувањето/прогонот … се доживува и преживува низ призмата на колективни трагедии и егзодуси, низ сликите на колони измачени, несреќни и страдни старци, жени и деца … слики што не оставаат простор за рамнодушност!
    

    Од друга страна, можеме ли и целокупната (позната) историја на човештвото да ја „врземе“ за бегалскиот синдром, можеме ли и изгонувањето на Адам и Ева од Рајот да го третираме како чин на (посредно) бегалство? Зашто, во крајна линија, бегалството е сепак реакција на која што најчесто ѝ претходи акција – прогонот – така што тогаш ова директно е и библиска тема, што уште повеќе ја зацврстува нејзината „вечност“. Дотолку повеќе што Првата книга, освен „рајската приказна“, изобилува и со друга „живописна“ и убедлива елаборација на оваа круцијална тема и со други подрастични примери – протерувањето на Евреите од Египет, прогонот / бегалството на христијаните од Израел итн., – уверувајќи нè дека историјата на човештвото е историја на бегалството!
    Но, и многу „повозбудливиот“ реален свет, пресликан во одделни настани од подалечното или поблиското минато, изобилува со далеку посурови примери на акција и реакција, на прогон и бегалство: Едиктот од Фонтенебло на Луј XIV од 1685,[1] Советската револуција во Русија 1917,[2] т.н. Ерменски геноцид во 1915-1917 година,[3] ужасите и холокаустот на Втората светска војна, формирањето на државата Израел во 1948 и неколкуте израелско-арапски војни[4] итн.
    

    Ниту денес, и покрај шокантните историски искуства, ситуацијата со бегалците не е подобра. Податоците на УНХЦР велат дека на почетокот на 2006 година во светот имало 8,4 милиони бегалци! И: околу 80% од бегалците секогаш се жени и деца!
    Причините за овие неверојатно мачни и како по правило секогаш еклатантно крвави случувања се различни: верски, територијални, идеолошки, расни …! Односно, причините секогаш како да се необјасниво поинакви, а методите и резултатите секогаш – исти!

_____________________________________

1. Овој Едикт го става протестантизмот вон законот и практично предизвикува насилна преселба на околу 500.000 протестанти (хугеноти) од Франција во други европски земји.
2. Предизвикува бегалски бран од околу 1.500.000 луѓе, главно во земјите на Европа.
3. Предизвикува насилна преселба на околу еден милион Ерменци од Турција.
4. Според некои проценки, во тој период се раселени околу два милиони луѓе (Палестинци. Евреи и други).






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+