Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 57 | година X | ноември-декември, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 57ноември-декември, 2007
Галерија Осврти

Јас сум од Титов Велес

/2
стр. 1
Влатко Галевски

Режија и сценарио: Теона Митевска
    Продуцент: Лабина Митевска
    Кинематографер: Вирџини Сент Мартен
    Монтажа: Жак Вита
    Музика: Оливие Самуилан
    Улоги: Лабина Митевска, Ана Костовска, Николина Кујача, Џевдет Јашари, Петар Мусевски

Од официјалното соопштување на наградите на 28-то издание на фестивалот Браќа Манаки, разбравме дека на жирито му требале дури девет часови работа за да донесе конечни одлуки за наградите. Самиот овој факт зборува дека годинешнава конкуренција на кинематограферите беше навистина голема и дека станува збор за врвни снимателски остварувања. Еден од аргументите за тоа е преседанот, што по вторпат во 28-годишната историја на фестивалот, жирито доделува две рамноправни златни камери 300 на двајца сниматели, на Јаромир Шофр за филмот Му служев на англискиот крал и на Драган Марковиќ за филмот Живи и мртви. Најверојатно дека копја се кршеле и при донесувањето на одлуката за Сребрената и Бронзената камера. Како и да е, кинематограферката од Белгија Вирџини Сент Мартен го доби среброто за работата на Јас сум од Титов Велес, а автоматски и филмот се закити со награда на домашен терен. Во образложението за доделувањето на наградата, жирито вели: „Овој филм користи оригинален артистички и кинематограферски јазик за да ја претстави моќната семејна трагедија на три сестри чии надежи создаваат фасцинантна, длабока и необична приказна“. Но образложението на жирито само делумно е одраз на тоа што филмот ни го нуди. Сигурни сме дека и за најшироката филмска публика фотографијата на Сент Мартен претставува вистинско естетско доживување, па така и впечатоците за филмот се подигаат на повисоко рамниште. Сепак, убавите слики не можат да го скријат недостатокот од наративен и дијалошки контекст, ниту да го коригираат дисбалансот кој нужно ќе произлезе од проблемот на план на карактерите на ликовите. Во сите појаснувања за филмското сиже се вели дека филмот зборува за трите сестри… но филмот зборува во прво лице, од немата уста на Афродита (Лабина Митевска), иако само делумно насловот „Јас сум родена…“, го оправдува тоа. Ако карактерот на Славица (Ана Костовска) до некаде е и разработен и дефиниран, Сафо (Николина Кујача) е тотално исфрлена од филмот, и актерски и текстуално. Од друга страна, нагласениот и продолжен еротизам на Афродита кој само до некаде е во функција, како што филмот тече, опасно се приближува кон егзибиционизам. Дали тоа ќе го продава филмот, тешко е да се прогнозира. Ќе си дозволиме да прашаме, а не да морализираме, во која функција е сцената на оралниот секс во рамките на целата приказна, особено кога тоа го прави „невината“ (со 27 години)






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+