Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 57 | година X | ноември-декември, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 57ноември-декември, 2007
Галерија Осврти

Превртено

– или колку е тешко да се сними (добар) филм –


/2
стр. 1
Влатко Галевски

Режија: Игор Иванов
    Сценарио: Игор Иванов и Венко Андоновски
    Кинематографер: Томи Салковски
    Монтажа: Игор Андреевски
    Музика: Зоран Спасовски
    Улоги: Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Ѓорѓи Јолевски, Марија Кондовска, Јовица Михајловски

Непосредно по премиерната проекција на Превртено во Битола, авторот на романот Папокот на светот и коавтор на сценариото за филмот, Венко Андоновски, ми рече: „Тешко ми е да зборувам за нешто зад кое стои и мојот потпис… Овој филм го доживеав како принудно слетување со авион.“
    

    

Проектот Превртено уште во својата развојна фаза ги имаше сите неопходни атрибути за создавање солиден уметнички продукт. Тука беше Папокот на светот – еден од најзначајните романи на современата македонска проза, добитник на престижната Балканика – на Венко Андоновски, тука беше Игор Иванов кој со претходните свои остварувања (Сабвеј и НЕП) и особено со краткиот филм Бубачки се стекна со реноме на сериозен и инвентивен автор, тука беше и екипата чијшто состав ветуваше високо професионално рамниште во реализацијата на филмот. Добар дел од овие претпоставки се инкорпорирани во филмот, така што можеме да зборуваме како за филм со интегритет и со сугестивен авторски печат. Сепак, подеталната анализа ќе укаже и на некои меѓу-нијанси кои се резултат на извесни тешкотии околу склопувањето на конечната верзија.
    
    СТАВ ПРВИ – НАРАЦИЈА
Превртено е сосема пристоен филм. Само како потсетување, филмот, како ниедна друга наративна уметност, изискува прецизна, доследна и, пред сè, стилски јасна раскажувачка линија која ќе нè води до големото финале. Читајќи книга, евентуалните нејаснотии ги решаваме со препрочитување на пасусот или страницата. Кај филмот, и трепкањето со очите може да биде пресудно, пропуштеното или неразбраното да се надоместат само со повторно гледање на целиот филм (ова се однесува само на кино проекциите, а не и на домашното ДВД-гледање). Значи, првичните дилеми се однесуваат на дифузноста во наративната структура на дејствието. Проблемот не е во превртеното време или во флешбек секвенците, туку во временското дозирање на нивното траење. Со други зборови, категоријата време, или траење, како да избегала од контрола. Текстуалната предлошка, во својата филмска варијанта како да ја губи од потребната тензичност и сугестивност, како предолго да ја одложува навестената разрешница и катарза. Сепак, одличното решение на финалето на филмот делумно ги покрива или прикрива претходните „недостатоци“.  
    
    

СТАВ ВТОРИ – РЕАЛИЗАЦИЈА Режисерски и продукциски, Превртено е повеќе од пристоен филм. Авторите (режисерот, кинематограферот и авторот на музиката) сосема знаеле што прават. Малобројните забелешки се однесуваат на неколкуте секвенци кои можеле да се решат поинвентивно и да се заобиколи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+