Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 57 | година X | ноември-декември, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 57ноември-декември, 2007
Звук Осврти

Ретрокабаре „Циркус Еуропиа“

одблесок на интуицијата


/3
стр. 1
Тони Димков

Музичко-сценски перформанс со креативна димензија која ги надминува рамките на едноставно концертно претставување на театарската музика на Горан Трајкоски

Првично замислен како концертно претставување на музиката која Горан Трајкоски ја компонирал за неколку театарски претстави, „Циркус Еуропиа“ прерасна во музичко-сценски перформанс со нова креативна димензија која ги надминува рамките на целовечерен концерт. Главниот акцент е ставен на изведувањето на музиката во живо, иако замислата ќе биде дополнета со музички ЦД-документ кој ќе биде достапен и на интернет. Главнината од материјалот е театарска музика пишувана во периодот од 2001 до 2006 година за театарски претстави кои се поставени на сцената на неколку театри низ Македонија. Се работи за претставите „Црнила“ од Коле Чашуле, „Тартиф“ од Молиер, „М.М.Е. кој прв почна“ од Дејан Дуковски, „Кралот умира“ и „Делириум за двајца“ од Ежен Јонеско, „Чомак Челик“ од Трајче Кацаров и други. „Новиот 21 век ме затекна во театар, во секоја смисла на зборот. Во театар како работна, уметничка средина, создавајќи музика за петнаесетина претстави во Македонија, и во театар како општествена и (гео)политичка фарса во која, не по своја волја, беа вовлечени мојот народ и мојата земја“, вели Горан Трајкоски, автор на музиката и на идејниот концепт на перформансот. Во рамките на проектот на сцената користи семплер, го направил изборот на текстури и се појавува како наратор и вокален солист. Музиката жанровски се дефинира како кабаретско-циркуски ретро-стил. По примерот на тандемите Brecht-Waill и Morricone-Rotta се работи за современ стил насловен Dark Cabarett-Cabarett Noir кој во зачетокот е негуван од малку познати групи и автори како Dresden Dolls, Nicky Jane, Katzenjammer Kabarett, Tracu Jill, Revue Noir. „Циркусот на Апсурдот и Црното кабаре на 21 век се нашата несакана трагикомична реалност. Апсурди, лаги, интриги, заговори, убиства и војни се менуваат како на филмско платно. Едните напишани од големите магови на театарот како Молиер, Брехт, Јонеско, Бихнер, а другите од ‘новокомпонираните демиурзи’ на ‘големата шаховска табла’ и нивните марионетки. Еурописка класика. Дали како одблесок на оваа општа атмосфера, или како резултат на интуицијата, музиката што се изроди во овој период беше опседната со циркуската музичка естетика и од Црното кабаре од првата половина на 20 век. Бесмислата на Јонесковиот „Човек под знак прашање“ и Брехтовиот општествен цинизам и иронија се наметнаа како најмал заеднички содржател на нашето современо проклетство. Циркусот Еуропиа сè уште е меѓу нас. Некој би посакал да ги затвори очите и сето ова да го снема“, вели Трајкоски, во потрага по иницијалните моменти за






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+