Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 06 | година II | јануари, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 06јануари, 1999
Театар Теорија

Вовед во театарскиот интеркултурализам

или: Транскултурализмот и неговите интертекстови


/13
стр. 1
Мируше Хоџа

    Теоријата денес нуди една низа „апликативни“ терминологии. Тие можат храбро да се аплицираат во секојдневниот говор и во пишаните текстови, било кога сакаме да ја процениме лудичноста, било пак сериозноста на човековите игри. Но, дали секогаш знаеме во што точно навлегуваме кога нив ги аплицираме, тешко е да се каже. Затоа, објаснувањето на дистинктивните значења на сè позачестените апликативни теориски концепции станува предуслов на вистинското разбирање на современата (театарска) естетика, и, со тоа, предуслов на нашиот неискривен личен став спрема неа и нејзините разграничувања. Во кругот на тие разграничувања спаѓа и концепцијата наречена транскултурализам. А бидејќи транскултурализмот станува потешко разбирлива концепција доколку се обидуваме да ја одредиме вон контекстот на неговите интертекстови, во овој осврт ќе се обидам да ги допрам следните прашања:
    1. Што е постмодернизмот, плурализмот, маргинализмот, мултикултурализмот, синкретизмот, акултурацијата и интеркултурализмот (или транскултурализмот) – со што давам концизни објаснувања околу дистинктивните обележја на овие концепции;
    2. Што е театарскиот транскултурализам – со што рефлектирам некои конотации имплицирани во самите кажани концепции[1].

Платното и неговите нишки

    Кризата на категоризацијата, изедначувањето на различните перспективи и отсуството на нивната хомогенизација се синтагми со коишто Jean Françoais Lyotard се обидува да ја одреди концепцијата постмодернизам (ibid., Постмодерната состојба: известување за знаењето). Доколку јас, како читател на едно постмодерно дело сакам да кажам што за мене претставува едно постмодерно дело, би се ограничила во самата концепција значење и би го кажала ова: иако знам дека тоа што го читам или гледам е сосема јасно, значењето на делото ќе ви го кажам откако делото ќе го прочитам или гледам неколку пати, откако неговото значење ќе ми се прикаже во обликот на некаква целокупност, односно, во обликот на сеопфатната целина. Ако ме прашате зошто, јас ќе ви одговорам во облик на (ова) прашање: зарем може да се негира тоа дека постмодерното дело е дело поделено (или распарчено) во многу парчиња?[2] Зарем не е вистина тоа дека значењата на тие парчиња се, деридаовски кажано, дисеминирани значења? Ќе речете: од една страна зборувам за дисеминирани значења, а од друга страна ви споменувам некое си целокупно значење. Не е ли тоа контрадикција?

_____________________________________

1. Во ова излагање наведените точки не ги проследувам по изнесениот редослед, туку нив ги испреплетувам. На тој начин создавам поедноставна подлога за навлегување во праксата на театарскиот транскултурализам.
2. Да се направи тука паралела помеѓу расецканото тело на Jacques Lacan. Тоа потоа да се земе како подлога при евентуалното споредување на Лакановиот Друг со зборот друг(иот) (во смисла на другата, неимперијалистичка култура) којшто го наведувам во продолжение.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+