Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 58 | година XI | јануари-февруари, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 58јануари-февруари, 2008
Проза

Татко

Од „Четворица Ирци – современи ирски раскази“


/8
стр. 1
Михaл О’Конили

Како можев да знам што да правам – откако му кажав? Никогаш порано го немав видено стариот да плаче. Дури и кога мама умре во несреќа пред девет месеци, не го имав видено како плаче. Во ова сум сигурен зашто јас му ги соопштував лошите вести. А бев тука сето време пред и по погребот. Бев задолжен да бидам со него. Брат му и браќата на мајка ми – моите вујковци – ги средија сите работи, го понесоа ковчегот. А соседите, според упатствата на моите сестри, беа тие кои куќата ја одржуваа во некаков ред. Постоеше некој вид договор – до душа, неизречен – дека е најдобро да останам со тато зашто сум најмладиот, единствениот кој преку целата година е дома.
    Затоа сум речиси сигурен дека не пушти ни солза. Барем не дење. Не му требаше дури ни шамичето. Секако, тој беше насекаде, од него тешко се извлекуваше збор. Долгите молчења минуваа а тој само зјапаше во огнот или низ кујнскиот прозорец. Но без солзи. Можеби поради шокот. Ужасниот шок врз неговиот систем. Но сепак, со татко ми некако и не одеа солзите и плачoт.
    Затоа бев толку вчудовиден. Премрен. Не само од плачот. Туку од начинот на кој плачеше. Всушност, тоа и не би можело да се нарече плачење – повеќе наликуваше на нешто помеѓу јачкање и липот заглавен во неговото грло. Да, притивната, болна издишка на одбивност која траеше неколку секунди. Човек би помислил дека тоа го гуши како некое од оние грозни апчиња што ви ги дава лекарот. А дури и не ме погледна, освен со заскитаниот водникав поглед кој му се измолкна откако му кажав; потоа, се чинеше дека се обидува да си го сокрие лицето пред мене, барем половината од него. Така нему требаше да му биде некако полесно, но не и мене; никако не можев да го погледнам в лице, и покрај сета моја љубопитност. Така, додека тој беше вознемирен, јас седев како статуа – само што телото ми беше топло. Здивот беше истиснат од него; и од мене. Потоа сфатив дека дури и неговиот придушен крик – кога би излегол од него – е подобар од тој молк. Можеби би можело нешто да се стори околу крикот, кога би се случил. Мртвата тишина беше неподнослива, невозможна, божем издолжена и болна како пресуда. Сето време чувствував дека не гледа ни близу мене, дури и кога му се поврати здивот и малку од говорот.
    „А ти…“, рече, божем


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+