Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 58 | година XI | јануари-февруари, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 58јануари-февруари, 2008
Проза

Бајки (извадоци)

Од „Четворица Ирци – современи ирски раскази“


/3
стр. 1
Алан Титли

_______________________________________________________________________

Проблематичната девојка

Си беше еднаш една проблематична девојка која родителите ја викаа кучкичка. Другите ја нарекуваа со други имиња, но нејзините родители толку ја сакаа што беше доволно да ја викаат кучкичка. А бидејќи толку ја сакаа, не ја исфрлија на улица иако постојано им ги крадеше кредитните картички, ја здроби колата на мајка си, му ги искина алиштата на татка си, ги нарекуваше глупи старци и, воопшто, се однесуваше баш како кучка. Но бидејќи тие толку ја сакаа ќе стореа сè да ѝ помогнат, па дури стигнаа и до таму да ја однесат на психијатар.
    „Тоа е желба за пенис“, рече тој, „нема сомнение. Сум го видел тоа многу пати до сега. Сите девојки на нејзина возраст страдаат од тоа дури и кога тоа не го признаваат. А тоа што не признаваат не значи дека не страдаат од тоа. Не е тоа ништо што добар маж и добро пеглање нема да го излечат.“
    Бидејќи ја сакаа и бидејќи му плаќаа мрсни пари на психијатарот, ја пуштија да излегува со толку пари, што можеше да ги посетува најдобрите ноќни клубови и да престојува во најдобрите хотели. Не дека нејзе ѝ требаше поттикнување или, пак, совет каде да оди. Но беше фино да го прави тоа со дозвола на своите родители (и на психијатарот).
    Супер си поминуваше со големи крупни мачо мускулести типови и долги вити атлетски фитнес фрикови и наконтени нафатирани свингери со големо искуство, колку што можеше и колку што сакаше. Потоа се врати дома и ја стави мачката во микробрановата печка, им ги отсече главите на сите ружи, ги издупи гумите на колата на татко ѝ, се измоча во базенот на мајка ѝ и, воопшто, се однесуваше баш како кучка.
    Бидејќи тие ја сакаа и плаќаа мрсни пари, пак ја однесоа кај психијатарот.
    „Не било желба за пенис“, рече татко ѝ без да навлегува во детали, „во тоа можеме да бидеме апсолутно сигурни.“
    „Е па, ако не било желба за пенис“, рече психијатарот, „мора да е нешто друго. Чекајте да погледнам.“
    И од полицата ја зеде големата книга во кожен повез.

Што да се прави?
    [од претставата Tagann Godot / Годо се појавува]

Си беше еднаш еден човек и беше многу збунет.
    Пребаруваше низ светските библиотеки и низ свитоците на писарите, но не најде одговор. И учеше кај мудри професори на знаењето во најдобрите научни установи, но не најде одговор. И постеше четириесет денови и ноќи и дури зеде малку мескалин за да ги


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+