Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 58 | година XI | јануари-февруари, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 58јануари-февруари, 2008
Есеи

Субјектот кај македонските прозаистки

(виден во два раскази на Оливера Никoлова и Јадранка Владова)


/5
стр. 1
Елизабета Баковска

Последниве децении, централното прашање на академскиот книжевен феминизам, според Нина Баум, стана самата теорија. Така, се чини дека книжевната теорија живее сама за себе, сосема одделена од книжевноста како (историски) иницијална каписла на своето постоење. Новите правци на книжевната теорија се надоврзуваат на претходните, побивајќи ги или понатаму развивајќи ги (скоро) филозофските постулати преку кои теоријата сè повеќе се оддалечува од книжевноста, од материјата, од месото, а сè повеќе се нурнува во апстрактното, т.е. во самата себе.
    Сепак, книжевната теорија, без разлика на степенот на апстрактност кој го достигнала, секогаш се врти околу една од точките на вечното тројство: автор-текст-читател (или, поточно, во феминистичките студии, авторка-текст-читател).Во рамките на овој триаголник, едно од најчесто поставуваните прашања е важноста која теоретичарите му ја придаваат на еден или друг од овие три пола, како и нивниот взаемен однос. Традиционално, сè до дваесеттиот век, книжевната критика и теорија била во голем дел насочена кон авторот. Тој (а поретко и таа) бил оној стабилен, цврст елемент зад делото (многу често поистоветуван со нараторот), кој преку текстот ги изразува своите идеи и продуцира одредени значења. Фокусот на структуралистите во 50-те и 60-те години на дваесеттиот век, од друга страна, се поместува кон текстот, книжевното дело. Потпирајќи се на лингвистичките теории на Сосир, тие сметаат дека дека книжевноста не е израз на креативниот ум на авторот, туку лингвистичка структура чие значење го контролираат правилата на јазикот. Книжевноста така се гледа како систем (т.е. означувач) на правила и кодови (т.е знаци) кои ѝ овозможуваат да се полни со значење (т.е. да означува).
    Дефокусирањето од авторот во постструктуралистичката ера на некој начин кулминира со мислата на Барт, кој пишува за смртта на авторот. Американската школа на reader-response, од своја страна, оди уште понатаму, поместувајќи го фокусот кон читателот (или читателката), релативизирајќи ја универзалноста и непроменливоста на значењето на текстот. Така, еден текст може да има безброј значења, оти секој читател, со самиот чин на читање стапува во интеракција со текстот, придавајќи му така свое, единствено значење. Малку подоцна, Дерида, кој (како и структуралистите) целокупното значење на текстот го наоѓа единствено во него самиот („не постои ништо вон текстот“), ја внесува темпоралноста во начинот на манифестација на значењето на еден текст. Според него, секој текст го одлага своето значење, т.е. како што тече времето, новите значења, кои на почетокот биле скриени, помалку видливи, а сепак присутни на маргините на текстот (или пак постоеле само во сферата на несвесното кај авторот при создавањето






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+