Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 58 | година XI | јануари-февруари, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 58јануари-февруари, 2008
Критика

Тешки вистини, лесно

/3
стр. 1
Синтија Хејвен

Со неговиот релаксиран, калифорниски глас, поетот од Беркли Роберт Хас го стопува историското со интимното во „Време и материјали“, неговата најусшешна збирка досега, пишува Синтија Хејвен за Сан Франциско магазин [http://www.sanfran.com/archives/view_story/1852/]

Сето морализирање е банално. Да напишеш дека војната е лоша, чесноста е најдобриот начин, смртта нè чека сите, е да се предадеш на клишето. Вистина е, но како да направиш да биде почувствувана? Уметноста на поезијата е во правењето на очигледното прекрасно и повторно ново, постигнувајќи впечатлив говор. Песните на Роберт Хас, особено во оваа долго очекувана петта збирка, „Време и материјали: Песни 1997-2005“, го имаат токму тој ефект.
    „Уметност и живот“, на пример, која е продолжено разгледување на Вермееровата Жена што точи млеко, ја истражува уметноста, реставрирањето, светлината, бојата, и преродбата – речиси во еден долг, чудесен здив. Хас, кој предава на универзитетот Беркли, им се опира на брзиот цитат или лесната фраза: чудесното во оваа извонредна песна е колку таа тивко кружи и кружи и се враќа во себе низ повеќе од три страници.
    Тоа што е уште поретко е тивкиот морален авторитет што зборува во новите песни, сигурноста на гласот што може да се соочи со ужасите на војната и со боровинките во Инвернес на истиот одмерен начин, без хистерија или хипербола. Секоја песна му се опира на очигледниот бомбастичен стих, а наместо тоа содржи бавни ефекти што земаат засил низ целата збирка, одмерувајќи ги нашите дејства и избори наспроти позадината од тишина и смрт. Хас отсекогаш се обидувал да ги поврзе историските мигови со интимните, но овде спојот е блиску до совршен. Гласот што зборува во овие песни е помудар, поискусен, посигурен во себе и во својот терен.
    Овие песни ја продолжуваат животната медитација на Хас за загубата, за сеќавањето, за тагата и восхитот, за разните настани „преку кои среќата/ и ужасот влегуваат во светот,“ како што вели во една од песните и, сè повеќе, за тоа што тој го нарекува нашата морална одговорност пред историјата.
    На одреден начин, овие размислувања имаат почнато со лична визија во една од првите значајни песни на Хас, „Медитација кај Лагунитас“, со нејзините речиси епиграмски први стихови – „Сето ново размислување е за загубата./ По ова е слично на сето старо размислување“ – и постепено го прегрнале светот. Со релаксираниот, калифорниски глас на Хас кој размислува гласно, песните обично звучат како продолжена дискусија со себеси. Глас олку ненаметлив може да се справи со материја што би била, во помалку вешти раце, просто груба






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+