Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 58 | година XI | јануари-февруари, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 58јануари-февруари, 2008
Критика

Мајстор на бесмисленото

/3
стр. 1
Адам Филипс

Поезијата на Џон Ешбери можеби е тешка за разбирање, но самиот чин на читањето на неговата последна збирка „Белешки од воздухот: Избрани подоцнежни песни“ (Carcanet, 2007) е задоволство само по себе, вели Адам Филипс во освртот за Обсервер [http://books.guardian.co.uk/reviews/poetry/0,,2233186,00. html]

„Колку е полошо твоето уметничко дело“, еднаш има кажано Џош Ешбери, „толку е полесно за него да се зборува“. Мислел дека на уметникот лично му е полесно да зборува. Но што ако никој друг не може да зборува за делото бидејќи никој нема поим за што станува збор во него, иако е необјасниво задоволство, каков што е секогаш случајот со поезијата на Ешбери, делото да се чита? Поетите го имаат спомнато ова и порано – Т. С. Елиот пишува дека „вистинската поезија може да комуницира пред да биде разбрана“ – но дури откако поезијата се беше прославила поради нејзината „напорност“. Можевме да ги читаме големите Викторијанци – Арнолд, Тенисон и Браунинг – на начин на кој никако не можевме да ги читаме модернистите како Паунд и Елиот и Харт Крејн; можеби не ни се допаѓаа, можеби не се согласувавме со нивните мислења за политиката, љубовта и религијата, но можевме да ги разбереме.
    И тогаш да се биде „разбирлив“ стана проблемот, а не решението. „Направи да биде ново“ беше модернистичкиот налог на Паунд и новото стана тоа што, по дефиниција, не можеше да биде лесно разбрано. Одеднаш, имаше бесмислени поети и поети што не толерираа бесмислици. Џон Ешбери, како што ќе видите ако го отворите ова издание на неговите Избрани подоцнежни песни, е бесмислен поет. Едвард Лир и Луис Керол му се претходници на Ешбери исто колку и големите француски и американски модернисти.
    Неговата поезија не е напорна во таа смисла како што е таа на Елиот и на Паунд. Ни добра скратена верзија ниту интелигентно напишана литерарна критика нема многу да ви помогнат. Иако Ешбери очигледно е мошне литерарен и начитан поет, неговата поезија никогаш не ве поттикнува да помислите дека не ја разбирате бидејќи не сте ги прочитале вистинските книги, или не сте го имале истото образование полно со озборувања, или дека не сте од вистинскиот пол или на вистинската возраст. Напротив, ве поттикнува да се прашате дали „разбирањето“ толку вреди, или што воопшто би значело тоа разбирање. Поезијата тешка за разбирање ве поттикнува да поверувате дека има и поезија лесна за разбирање.
    Поезијата на Ешбери ве поттикнува да се запрашате од што би можела да ве заштити таа желба да разберете;






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+