Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 06 | година II | јануари, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 06јануари, 1999
Театар Осврти

Коските што доаѓаат доцна

/1
стр. 1
Билјана Гарванлиева

    Драмата на Теки Дервиши Коските што доаѓаат доцна со својот чист, прецизен архетипски театарски јазик создаде моќна слика при драматизирањето на еден „Хамлетовски мит“ за судирот меѓу младиот интелектуалец и гнилиот колектив.
    Овој судир е драматично визуелизиран веќе во сценскиот простор. Металот од кој е изработен и сивкасто-зелената гама на бои, веднаш го воспоставуваат гнилежот на драмскиот контекст – укотвениот фашизоиден свет на колективот, палата која има контрола дури и врз соништата на луѓето. Затоа секој реквизит што ќе се внесе на сцената станува драмски и метафизички активен. Така сталаците и стилизираните кечињата во форма на кафези, што си ги носат рапсодите (кои ги евидентираат соништата), од една страна делуваат комично, а од друга ја сликаат механизацијата, стереотипноста и заробеноста на нивните личности. Наспроти нив, коритото во кое стариците го капат главниот јунак е митска слика за матката на жената од која тој повторно се раѓа и себеобединува.
    Висококалоричниот конфликт на индивидуата наспроти колективот е моќно драматизирана пред сè од емотивните актерски сензибилитети на Рефет Абази (како Марк Алем) и Бајруш Мјаку (како Службеникот). Додека Абази својата движечката мотивација ја црпи од потребата за себедокажување и правдина, тој својот лик го гради преку инцесно себеобединување. Со помош на својот актерски апарат тој од себе создава митска слика на хермафродитско суштество.
    За разлика од него, Мјаку со архетипските симболи на трулата власт (престолот како инвалидска количка; бастуните како негова продолжена рака) мајсторски ги калеми отапените емоции со своето распаднато тело и личност.
    Режисерот Владимир Милчин преку математички прецизен театарски јазик „мисли локално“, но „делува глобално“. Проблемот на идентитетот на Албанецот добива димензии на универзален општочовечки проблем. Во случајов, театарскиот јазик е помоќен од говорниот, воспоставувајќи ја комуникациската и емотивната врска со публиката.
    И покрај тоа што не го разбирам албанскиот јазик, преку моќните слики што ги изградија како аура околу себе актерите, режисерот, сценографот, костимографот и композиторот, имав чувство како да го разбирам. Перцепирајќи низ скелињата на неразбирливиот јазик (поради техничкипречки-немање симултан превод) останува само да се воодушевуваме на стабилната архитектура на ова театарско уметничко дело.

извадок од драмскиот текст






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+