Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 58 | година XI | јануари-февруари, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 58јануари-февруари, 2008
Звук Осврти

Препорачани албуми

/4
стр. 1
Васја Ивановски

_______________________________________________________________________

Miki Petkovski – “City Settlers”

Еден од најдобрите македонски музичари, без сомнение, е Мики Петковски (долгогодишен жител на Канада). Неговата музичка биографија е мошне богата: настапуваше со најдобрите музичари и состави во некогашната Југославија и сними мошне квалитетен материјал. Пред некое време го издаде својот нов албум “City Settlers” (MDSCR 004) за својата независна дискографска фирма. Станува збор за комплетно авторско дело: Мики е композитор, аранжер и единствен музичар на албумот кој содржи осум инструментални нумери. Неговото мајсторство на клавијатури е несомнено; промената на ритмовите и темпата, како и користењето различни стилски определби го претставуваат Петковски како квалитетен музичар со сопствена музичка визија. Неговите македонски корени се чувствуваат низ албумот, споени со современите изразни форми кои заедно ја отсликуваат неговата аудио личност. Miles, Endurance Blues, Caravan се можеби најдобри композиции на албумот, иако сите, како целина, заслужуваат внимание.

Eddy “The Chief” Clearwater – “West Side Strut”

Светската блуз сцена можеби е мала во споредба со големите компании, но секогаш нуди квалитетен материјал кој секогаш со возбуда е прифатен од вистинските љубители на музиката. Ќе препорачаме некои изданија за кои сметаме дека заслужуваат внимание.

Прв на оваа листа е најновиот албум на ветеран на чикашката блуз сцена Eddy “The Chief” Clearwater чиј најнов проект носи наслов “West Side Strut”, прв за дискографската куќа Alligator Records од Чикаго. Она што е интересно во овој случај е фактот што ова е прв албум на Eddy “The Chief” Clearwater издаден за дискографската куќа од неговиот роден град: претходните албуми ги издаваше за други куќи низ САД. Придружен од одличен состав предводен од талентиранот гитарист Ronnie Baker Brooks, син на уште една легенда од тамошната сцена (Lonnie Brooks) кој се појавува како гостин на овој албум во динамичната тема “Too Old To Get Married”. Музиката на Eddy “The Chief” Clearwater е како непресушен извор во кој се кристализираат различни влијанија: рок, блуз, госпел, сите презентирани на неговиот неповторлив начин. Овој витален блузер е 73 години млад, нешто кое не би можеле да го помислите слушајќи го неговиот нов албум. Тој е исполнет со енергија, атмосфера и забава која ретко се среќава на албумите на многу помлади музичари од овој жанр. “West Side Strut” ќе ве направи да се чувствувате задоволно, сите композиции се одлични, но за издвојување се темите Walking Through the Park, Trouble Trouble, They Call Me the Chief  и A Time for Peace.

Fred Chapellier & Friends – “A






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+