Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 59 | година XI | март-април, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 59март-април, 2008
Проза

Вештица

(извадок)


/9
стр. 1
Венко Андоновски

53.


    По три дена, на 20 август 1633 лето Господово, во градскиот магистрат падре Бенџамин го доби следниов записник:
    Записник од 18 август 1633 година, за судскиот распит со тортура на Јохана Грацијанчиќ, родена некаде на Истокот, претпоставка: област Македонија.
    Попленето кај неа: една маѓосничка торбичка, со повеќе необични шупливи игли, со бои направени од билки, за кои обвинетата тврди дека служеле за создавање „слики“ по телото, најверојатно за ѓаволови печати. Со тоа се отвора основано сомнение дека таа е тајничка на ѓаволот: писмена е, но нема благородничко потекло. Признава дека е ќерка на Исијан, пастирот од Македонија. Попленето уште во торбичката: билје за кое обвинетата тврди дека служело за лекување, иако судот знае и за пракса на правење отровни напивки од истото, гореспоменато билје. И уште: една лупа, подарок од нејзиниот тужител, пречесниот Флоријан, на која вештицата најверојатно ѝ ја променила намената, а во согласност со своите ѓаволови вештини, штом ја носела со себе.
    Кај старецот попленето: една мистериозна книга-писанка со кожни црни корици и жолт пергамент, сочинета со неразбирливо, источно писмо македонско, со наслов  кој значи – „Книга за книгата“ (така вели обвинетата бидејќи го знае и нашиот јазик хрватски). Вели дека писанката е нејзина и дека ја изгубила во неговата куќа онаа ноќ кога старецот е уапсен, а таа избегала од потерата. Книгата, според исказот, ја пишувала и сочинувала самата. Во неа оваа чудна вештица запишувала свои мисли за тоа што се словата и книгите. Во тоа чудно нејзино сочинение е изложена една еретичка ука дека боите се исто што и гласовите и мирисите, дека Пресветлиот Господ Бог не бил совршен и наводно заборавил да ни даде уште едно сетило, односно дека најсовршена книга би била онаа која би била испишана со плотни, соблазнителни, блудни мириси наместо со зборови, оти зборовите се вистинско Слово, а само Бог е Слово и светлина. И разни други ѓаволови, полноќни и месечеви уки таму се изложени, како онаа дека најсовршена и најстрасна, вечно менлива и во вечно настанување и исчезнување книга би била онаа која би имала кружна форма. Писанката е испишана со калиграфија, за која, по направена проверка е утврдено дека навистина ѝ припаѓа на обвинетата.

Записник:
    Во летото господово 1633, на 18 август, во стражарската куќа на слободниот и кралевски град Загреб на Гричкиот рид, целосно во ѕидините и бедемите на истиот град и во истоимената жупанија, имено на местото вообичаено за мачење, Јохана Грацијанчиќ, врз основа на донесениот заклучок од господинот инквизитор е најпрвин ревносно






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+