Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 59 | година XI | март-април, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 59март-април, 2008
Критика

Маестрално, Венко!

(Венко Андоновски: Вештица. – Скопје, „Култура“, 2006)


/9
стр. 1
Кристина Николовска

Овој роман не се чита. Овој роман се живее…

*    *    *

Сведоштвото за геноцидот на т.н. „вештерки“ од 17 век во Хрватска е потресна метонимија за уште поголемите инквизиции. Тие инквизиции сè уште „патуваат“ и се „преселуваат“ низ времињата и просторите. И тоа кога фикцијата е идеално алиби за постоење на – реалноста. Така вештиците се фикција – совршено конструирано алиби за стварноста на морбидниот свет на: тужители, истражители, гонители, џелати, крвници, казнувачи, инквизитори (на живот и на страст). Угледно маскирани во: униформи, улоги, функции, позиции… Се прави логичка инверзија: ѝ се суди на фикцијата, на наменски конструираниот свет, наместо на својата, „нечиста“ реалност. Се прави општествено, институционално и јавно скрнавење и масакрирање на убавото и умното – поради сопствената импотенција. Тоа е друго име за власта, за политиканството, за квази-идеолошкото морализаторство, за духовната травестија, интелектуална проституција, идеолошкиот хомосексуализам и хипокризија. Таа ерозија на моралот води кон неповратно лизгање на аксиологиите и конечен катастрофален земјотрес на аксиологиите!
    Тој масовен, одглумен хистеричен егзорцизам – е чист артизам на наводно истерување на ѓаволите. Таа злоупотребена демонопатологија – или опседнатост со ѓаволот, како вечна демономанија низ вековите само се травестира, премаскира, препакува, пререкламира. И тоа не само меѓу половите, туку и меѓу секој пол на: доброто наспрема лошото, убавото наспрема грдото, слободното наспроти затвореното, љубовта / омразата, страста / импотенцијата, слободата / фрустрацијата, итн.
    За сето тоа постои „тајна документација“, записници, закони, извештаи, каде фикцијата се „обесчестува“ и се злоупотребува како псевдо-факт. Но, во тој свет на документација, архиви, судови – не се трага само по најважниот и најтајниот можен документ. А токму по тој документ трага еден од авторите.
    
Има ли потаен и понеодгатнат документ од – човекот?
    Потрагата по него, како драгоцено тајно сведоштво на столетијата и универзумите, се води токму – преку приказните на ова дело.
    Така се отвора светот на инквизицијата. Ужасните сведоштва за геноцидот на т.н. „вештерки“ стануваат најуверливи преку потресна „хорор-документарност“. „Оти крвта пишува, а не мастилото“[1], вели наративниот глас. Морбидната фактографија за направи за мачење со детални описи на инквизиторски оргии се место на стравотни „три точки“, каде „читателот со солзи ја допишува приказната!“, според нараторот. Нашиот „ракопис“ од солзи за овие ужаси е – реплика на крвта која „капе“ од масовната трагедија.
    
Но, преку јавните инквизиции се распукува и опасниот свет на „невидливите“, „духовни“, „лични“ инквизиции. Таа „внатрешна“ инквизиција или автоинквизиција ни се случува и нам. Секојдневно, невидливо, тајно – кога токму ние сме „гонители на (измислените) вештици“ во самите себе, како

_____________________________________

1. Парафраза на цитат од делото Вештица: „Така е тоа затоа, што писателот со крв ја пишува, а читателот со солзи ја допишува приказната!“ (125).






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+