Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 59 | година XI | март-април, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 59март-април, 2008
Звук Осврти

Препорачани албуми

/3
стр. 1
Васја Ивановски

_______________________________________________________________________

Little Arthur Duncan – Live At Rosa’s Lounge
    Delmark DE 793

Дури и просечниот љубител на блузот е свесен и ја знае улогата и важноста на блуз сцената на Чикаго во историјата на оваа музика: овој град е една од колепките на блузот на американската почва. Новите генерации блуз музичари од Чикаго носат нови предизвици, но духот на старите мајстори кои ја создадоа оваа сцена сè уште се чувствува. Еден од најдобрите кои во моментот опстојуваат и изведуваат блуз секако е Little Arthur Duncan чиј најнов албум носи наслов Live At Rosa’s Lounge. Со овој албум, тој ја потврдува својата вредност и улогата на тамошната сцена како врвна изведувачка атракција. Снимен во легендарниот блуз клуб во Чикаго за време на неговите редовни настапи, овој блузмен уште еднаш ја потврдува својата вредност, претставувајќи се во врвна форма со изведба на својот длабоко доживеан, искрен блуз кој сепак го слави животот без оглед на неговиот квалитет. Блузот на Little Arthur Duncan е сиров, токму онаков каков што го паметат генерациите пред него, но со оптимистична нота од ведрата страна на животот. Неговиот вокал и усната хармоника се надополнуваат во познатите теми кои го отсликуваат животот на црнечката популација со сите негови подеми и падови. Придружен од одличен состав на врвни чикашки музичари, овој исполнител на блузот уште еднаш ја потврдува својата репутација; овој музички производ бездруго ќе ги задоволи вкусовите на љубителите на блузот, придобивајќи и нови приврзаници.
    Повеќе информации: www.delmark.com

Clarence Spady – Just Between Us
    Severn Records SEVERN 0045

Severn Records од истоимениот американски град во моментот е една од најдобрите независни дискографски компании во САД, со квалитетна продукција и имиња кои заслужуваат внимание и респект,а нивната музичка идеја се состои во мотото „Изворна музика за 21-от век“, што не е далеку од вистината доколку се проследат изданијата на оваа фирма. Во најновата продукција се издвојуваат изданијата на хармоникашот Steve Guyger “Radio Days”, Mike Morgan And The Crawl’s “Stronger Every Day” и Clarence Spady’s “Just Between Us”. Во оваа квалитетна тројка особено внимание привлекува Clarence Spady, со оглед на фактот што на дискографскиот пазар се појавува по пауза од десет години. Станува збор за комплетна музичка личност, одличен вокалист, уште подобар гитарист, квалитетен автор на сопствен материјал кој слушателот не го остава рамнодушен. Неговиот вокал и гитаристички стил потсетуваат на Robert Cray и други мајстори од оваа музичка провениенција. Тој успешно го збогатува својот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+