Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 59 | година XI | март-април, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 59март-април, 2008
Звук Осврти

Разговор со диригентот Борјан Цанев

/3
стр. 1
Дојрана Прокопиева

Борјан Цанев е главен диригент на Македонската филхармонија, во која последниве месеци често застанува на концертниот подиум, диригирајќи различни дела од симфонискиот и концертниот репертоар. Исто така, Цанев со нашиот национален оркестар диригираше и неколку од концертите наменети за пошироката публика, меѓу кои симфонискиот концерт за деца, како и концертот на музичката група „Проект Жлуст“. Борјан Цанев е вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде и самиот го стекна своето образование во класата на професорот Фимчо Муратовски.

Д.П. Како главен диригент на националниот оркестар, каков репертоар најмногу Ве интересира?
    Б.Ц. Диригентот, во секој случај, треба да познава широк репертоар, бидејќи самата специфика на работата го бара тоа. Лично сум заинтересиран за сè она што е поврзано со симфониската и оперската музика, така што не би издвојувал конкретни примери.

Д.П. На 17 јануари го диригиравте симфонискиот концерт на групата „Проект Жлуст“, како дел од циклусот џез симфониски концерти чија цел е симфониската музика да се приближи кон пошироката публика, која вообичаено е редок посетител на концертите со класичен репертоар. Кој е Вашиот став за оваа нова програмска концепција?
    Б.Ц. Сметам дека оваа концепција внесе извесна свежина во стандардниот класичен репертоар. Интересот што го привлече овој концерт, несомнено зборува дека ваков тип на концерти ѝ беа потребни на публиката.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+