Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 59 | година XI | март-април, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 59март-април, 2008
Звук Осврти

Концерт на „Проект Жлуст“ со Македонската филхармонија

/2
стр. 1
Дојрана Прокопиева

„Проект Жлуст“ е група која говори со сложен, разновиден и специфичен музички јазик, јазик кој во исто време сугерира естетика на едно блиско, но и далечно време. Во тој јазик, балканските корени се среќаваат со џезот, класичната со современата музика, new wave изразот со минимализмот, обединувајќи се по принципот на различност и независност, во единствен музички израз. Во „Проект Жлуст“ речиси сè е неконвенционално: неконвенционален е спојот на инструментите, неконвенционални се формите, неконвенционален е третманот на „преземените“ музички материјали.
    Емин Џијан (хорна и клавијатури) и Иван Бејков (контрабас) го претставуваат креативното јадро на групата, неговата идејна концепција, понатаму водени од Газменд Бериша (виолина), Владимир Крстев (виолина), Владимир Поп-Христов (виолончело), Здравко Ангелов (кларинет и бас кларинет), Александар Серафимов (саксофон), Михаил Јосифов – гостин од Бугарија (труба, флугел хорн), Гоце Стевковски (перкусии) и Александар Секуловски (тапани). Она што на прво слушање е највпечатливо е дека овој состав претставува музичка рефлексија на разновидните етнички влијанија кои претставуваат основа врз која се надоградуваат елементите од други жанрови. Во нивната биографија се испишани неколку авторски остварувања меѓу кои албумите „Маргина“, „Проект Жлуст – живо на Кумановскиот џез фестивал“, како и “Reveries of a solitude walker”, во соработка со Никола Коџабашија. Освен тоа, тие се автори на музиката за филмот „Како убив светец“ во режија на Теона Митевска, на музиката за документарниот филм на Сузи Диневски „Децата од 1948“, како и на музичкиот дел од мултимедијалниот перформанс „Страница надвор од вообичаеното“ на авторот Јошико Чума.
    Групата има соработувано со Вилијам Паркер, Френ Лондон, Грег Хопкинс, Малком Брн, Тони Китановски, Акош Севелени, Сизл Отака и Кирил Џајковски.
    

    „Проект Жлуст“ на 17 јануари настапи со Македонската филхармонија под диригентската палка на Борјан Цанев, со десет нови композиции, во рамките на вториот концерт од циклусот насловен „Џез симфониски концерт“, кој започна со настапот на познатиот уметник на кавал Теодосиј Спасов. Овие концерти опфаќаат алтернативни музички форми и имаат за цел да се доближат до пошироката публика, надвор од музичките кругови, која вообичаено е редок посетител на симфониските концерти со класичен репертоар.
    Концертот го отвори композицијата „Некој си таму“ која во прв план ја истакнува виртуозноста на интерпретацијата на виолинистот Газменд Бериша која изобилува со орнаментации. Следуваа „Самбе“, „Аце Буљото“, „Босанска“ и „Ел Жмесе Паса“, во кои доаѓаа до израз соло делниците на Џијан, Серафимов, Јосифов и Ангелов. Едноставните мелодиски линии се менуваа со погусти фактури, со нестандардни инструментални бои на местата каде акустиката се „судира“ со електронскиот звук, каде тоналноста






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+