Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 59 | година XI | март-април, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 59март-април, 2008
Звук Осврти

Влатко Стефановски снима блуз албум

/1
стр. 1
Васја Ивановски

Влатко Стефановски е музичар кого сите го познаваме и цениме како еден од најдобрите гитаристи за кои некогаш сте слушнале, без оглед на вашите музички афинитети. Тој е еден од ретките кои успешно се докажале во различни жанрови, а во моментот привршува со снимање на својот деби блуз албум! Неговиот долгогодишен сон конечно се оствари, а вредеше да се почека – со добро одбран материјал во кој се испреплетуваат познати теми од старите и поновите мајстори на блузот, со години меморирани во неговата свест – од моментот кога за првпат ги слушна на радио брановите и од првите набавени плочи на брат му Горан. Познатите теми од репертоарот на Б.Б. Кинг, Ти Боун Вокер и други великани на оваа музика се надополнуваат со современиот блуз на Питер Грин, Стиви Реј Вон, Алвин Ли и слични, обработени на типично Влатков начин делуваат свежо и оригинално, а пеењето на англиски јазик му дава посебна арома на материјалот! Љубителите на блузот со нетрпение го очекуваат овој албум, кој секако ќе ги исполни сите очекувања. Како посебен „зачин“ на овој материјал е присуство на еден од најголемите мајстори на гитарата на светската музичка сцена Јан Акерман

, водач на неповторливите „Фокус“! Тој со голем ентузијазам влезе во овој проект, давајќи му свој препознатлив звук што секако е и добар комерцијален потег за потенцијален пробив на европската блуз сцена, па и пошироко. Со својот придружен состав, Јан Акерман и класичните тонови на Хемонд органата (благодарение на Дамир Имери) Влатко Стефановски направи одличен блуз албум за кој долго ќе се зборува и пред сè ќе се слуша во времето што е пред нас. По скорешната промоција во Скопје, предвидена е и летна јадранска турнеја, каде како гостин ќе се појави и Јан Акерман, а потоа следат бројни промотивни настапи низ Европа.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+