Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 06 | година II | јануари, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 06јануари, 1999
Театар Текст

Лизгави луѓе

/6
стр. 1
Викторија Рангелова

ЛИЦА
    ИТА 15
    ТИЈАНА 25
    ЈАКУБ 35
    ЧИН ПРВИ
    СОБА. ДВЕ ВРАТИ. НАДВОРЕШНА И ВРАТА КОН ДРУГАТА СОБА. МЕБЕЛОТ Е СКОРО НОВ. ПРОЗОРЕЦ. ОГЛЕДАЛО. А НАСПРОТИ НЕГО ФРИЖИДЕР. ВОЗДУХОТ Е ТЕЖОК И СТАР. ПРИТИСКА. СВЕТЛОТО Е ПРИДУШЕНО И НЕКАКО СЕ ПРОБИВА ОД ПОДОТ. ТИШИНА. СЕ СЛУША САМО УДИРАЊЕТО НА ДОЖДОВНИТЕ КАПКИ ПО ПРОЗОРЕЦОТ. ТИЈАНА СЕДИ ВО ФОТЕЛЈАТА. СТАНУВА. ОДИ ДО ПРОЗОРЕЦОТ И ПОГЛЕДНУВА НАДВОР. ПОВТОРНО СЕДНУВА ВО ФОТЕЛЈАТА. СТАНУВА И СЕ ОГЛЕДУВА ВО ОГЛЕДАЛОТО. ДОЛГО.
    ТИЈАНА: (Срамежливо, не завртувајќи се) Немој да ме гледаш. Се чувствувам толку смешно. Мислев дека нема да се појавиш. Те чекав толку долго, а ти се појави. Ме изненади. (Ја брише устата и се завртува кон девојката. Изненадено гледа во неа.)
    ИТА: (Замислено, но весело) Навистина си смешна. И навистина ме израдува, велејќи дека ме очекуваш. (ПАУЗА) Времето е многу лошо. За час и половина градов ќе биде поплавен.
    ТИЈАНА: (Збунето) Која си ти?
    ИТА: Таа што ја очекуваш. Ита. Имам кратко и необично име нели, Тијана?
    ТИЈАНА: Не разбирам од каде го знаеш моето име.
    ИТА: Повторно погодив. Понекогаш помислувам дека мојата професија е погодувач на имиња. Тијана. Тијана е убаво име, не е толку кусо како Ита, но сепак е убаво.
    ТИЈАНА: Ти сигурно си погрешила, мислам дека…
    ИТА: Тијана е многу убаво име, иако јас сакам куси имиња и тебе би те викала Тин, на пример. А чудно, другите луѓе секогаш сакаат подолги имиња, сите мислеа дека моето право име не е Ита, туку Итасија или пак Италија.
    ТИЈАНА: (Веќе соземена) Ита, ти сигурно по грешка влезе во мојов стан, тоа понекогаш се случува. Јас воопшто не те познавам.
    ИТА: Не, ти ме познаваш повеќе отколку што мислиш. А можеш да ме запознаеш уште подобро само ако се потрудиш. (ПАУЗА) Ти си полиглот. Зборуваш: англиски, француски, арапски, германски, српски, хрватски, словенечки, македонски и руски.
    ТИЈАНА: Не и руски.
    ИТА: Сигурна си дека не знаеш руски?
    ТИЈАНА: Да.
    ИТА: Сосема си сигурна? Јас сепак мислам дека ти зборуваш руски. Имам чувство. Ајде присети се. Признај.
    ТИЈАНА: Можеби малку.
    ИТА: И тоа е доволно.
    ТИЈАНА: Од каде знаеш?
    ИТА: Дека зборуваш руски?
    ТИЈАНА: Дека сум полиглот.
    ИТА: Имаш неоштетени дланки. (ПАУЗА.)
    ТИЈАНА: Би било најдобро ако сега си заминеш. Јас тебе не те очекував, јас очекував некој друг.
    ИТА: Но тој, друг, очигледно се уште не дошол.
    ТИЈАНА: Не, но тој треба да дојде секој миг.
    ИТА: А дали си сигурна?
    ТИЈАНА: Ова е просто неверојатно.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+