Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 59 | година XI | март-април, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 59март-април, 2008
Галерија Осврти

Цртежот

Од каталогот кон изложбата во „Мала Галерија“ (10.04.–11.05.2008)


/1
стр. 1
Благоја Маневски

Цртежот секојпат ми причинувал големо задоволство заради неговата непосредност и едноставна техника. Тој е брз запис каде што психо-моторните функции доаѓаат до израз.
    

    Необјасниви сили ја водат раката … со многу тајни. Знаковен систем без интенции на знаење, а со тоа ослободен од допирот на идеолошката појмовна сфера. Организација на материјалниот свет спрема ликовниот клуч. Мигови на очовечување, самоспознание, на длабока и искрена радост.
    

    Фасцинацијата со линијата како основен ликовен елемент е, всушност, состојба на мојот сензибилитет, односно, на моите чувства и визии. Со неа ги изразувам најсуштинските содржини, та оттаму, со цртежот ја изразувам мислата, идејата, односно, визијата за темата, психолошкиот момент, итн.
    

    Насловите се со функција да го попречат реципиентот во намерата да ги вклучи цртежите во некоја позната област, да го обесхрабри секој обид „поезијата“ да ја сведе на игра без последици.

Скопје, март 2008






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+