Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 60 | година XI | мај-јуни, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 60 мај-јуни, 2008
Поезија

Ме викаше Пежо зашто за неа имав 306

Превод на македонски: Игор Исаковски


/7
стр. 1
Рони Сомек

Салфетка
Патриотска песна
Алжир
Блуз за третиот бакнеж
Глупава убавина
Цезар Валехо
Љубовна песна за Вислава Шимборска

_______________________________________________________________________

Салфетка

Времето е
тенко
како салфетка која ги брише
трошките од зборови
од под усната.
„Убаво си помина?“ прашува. „Кажи им на пријателите.“
„Не беше добро? Кажи ни зошто.“
А ние, како и устата, никогаш не сме задоволни
со менито на телото
а љубовта на крајот од ноќта
е превртен стол
врз ресторанска маса.
Со нозете во воздухот,
со главата во облаците од подот.


(Од англискиот превод на Вивијан Идн)






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+