Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 60 | година XI | мај-јуни, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 60 мај-јуни, 2008
Проза

Што да се стори во мигот

/13
стр. 1
Томас Шапкот

На петнаесет години е сè уште можно да бидеш повреден од речиси сè. Заштитната кожа сè уште не е порасната а брзата реакција сè уште чека до полноќ за да се појави. Предоцна, непријателот веќе вмарширал, триумфално и навремено. На полноќ, или во два по полноќ, и самата перница, сега натопена од пот, е повеќе подбивна отколку утешна; не само што има џумки и длапки, туку го обвива лицето и се обидува да те задуши. И таа е дел од заверата.
    Во другиот кревет, наспроти ѕидот од спалната, Џим лесно ’рчи. Тој никому не мисли зло. Невозможен е. Се чини дека Џим ништо не чувствува: Џим е врвна фрустрација.
    Мик се превртува на левата страна и ја превиткува перницата за да си ја поткрене главата; можеби така ќе му биде подобро. Иако знае дека и тоа е попусто. Се има обидено и порано. Низ капаците на прозорецот се чини дека се насетува можен ветрец, толку слаб што дури и не ги помрднува лисјата на дрвото пред нивната куќа. Сепак, Мик мисли дека може да го осети ветрецот. Ги отфрла влажните чаршафи за воздухот да мине врз него, иако летните пижами се залепени врз неговото тело. Речиси сеќава студ во неговата пот, барем за минута или две. И Џим и Мик деноноќно носат поткошули; повеќе за да ја впијат потта отколку за некаква заштита. Мајка им вели дека така белите училишни кошули остануваат посуви и почисти. Кога навечер ја слекува поткошулата во бањата, Мик често чувствува дека е двапати потешка од наутро. Понекогаш, со вакво време, мора да ја менува поткошулата и наутро.
    Ноќва знае дека ќе се превртува и прпелка низ креветот и дека конечно ќе ја соблече, и покрај предупредувањата дека може да настине или дека градите ќе му останат незаштитени. Џим е оној, таму во креветот, кој настинува и кој е подложен на астма, не Мик. И покрај сиот негов стоицизам, Џим е оној за кој мајка им се потресува, Мик тоа лесно може да го види, иако таа се обидува да не покаже. Не е чудо што Мик понекогаш збеснува; кој не би збеснал? Секој, освен Џим. Мик веќе ја откопча горната пижама. И таа беше влажна. Најлоши се летните ноќи во кои влажноста не се намалува а ветрето не пружа ниту привид за освежување. Ја слече горната пижама и ја пикна под чаршафите, наместо да ја фрли на масата. Сега може да се куртули од поткошулата. Ја чувствува нејзината


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+