Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 60 | година XI | мај-јуни, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 60 мај-јуни, 2008
Есеи

Меѓу машките и женските теми, меѓу јавното и приватното

(или: Постои ли женско писмо?)


/4
стр. 1
Елизабета Баковска

Во нашите домашни дискусии на тема книжевност (кои ги водиме некаде меѓу баналните разговори и договори за набавки и поправки, и емотивните политички коментари), пред некое време сопругот ми кажа дека мојата поезија е премногу женска. Јас, искрено, не можев да ја разберам оваа синтагма, па дури, заради некои за мене необјасниви причини, ја почувствував и како напад на моето креативно его. Кога од него побарав да ми објасни што подразбира под поимот женска поезија, тој ми рече: „Премногу е лична, премногу се откриваш.“ Така, несвесно, со само неколку збора, во нашето интимно секојдневие, како од скршена лушпа на орев се појави суштинското, основно јадро на поимот женско писмо.
    Кога феминистичките движења од улиците и институциите преминаа во сферата на филозофијата и теоријата, во голем дел се занимаваа со едно, за нив клучно прашање: дали мажите и жените по својата природа се еднакви (исти), или пак различни? Анализата на ова прашање доведе и до подвоеност во одговорот, па така еден правец на феминистичката мисла (до некаде приближувајќи се до марксизмот) тврдеше дека половите разлики се општествено наметнати. Во Библијата на феминистичката мисла, Вториот пол (1953), Симон де Бувоар јасно кажа дека не се раѓаме како жени, туку стануваме жени. Така, терминот род се воспостави наспроти терминот пол, за јасно да се разграничи она што значи биолошка условеност наспроти општествената наметнатост. Следејќи слична линија на мислата, и еден од највлијателните филозофи на дваесеттиот век, Мишел Фуко, ќе каже дека телото и сексуалноста се културни конструкти, а не природни феномени.
    Наспроти овој правец на размислување, од друга страна, некои феминистички теоретичари се застапуваа за теоријата според која мажите и жените се неминовно, природно, по раѓање различни, па дури и суштински спротивставени. Оваа теорија ја доживеа својата широко популарна, вулгаризирана верзија во едно од најпознатите дела на современата инстант психологија, Мажите се од Марс, жените се од Венера. Меѓутоа, на едно подлабоко ниво, овој правец на размислување стана основа на феминистичката книжевна теорија која се занимава со прашањето на ткн. женско писмо и неговата посебност (наспроти ткн. машко писмо).
    Иако терминот женско писмо многу лесно и многу често се симплифицира и се сведува на сè што е книжевност напишана од жени, француската теоретичарка Елен Сиксо вели дека „е невозможно да се дефинира женското писмо, и оваа невозможност ќе остане, бидејќи практиката никогаш не може да се теоретизира, да се затвори, да се кодифицира… што не значи дека тоа [женското писмо] не постои.“ Суштината на женското наспроти






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+