Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 60 | година XI | мај-јуни, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 60 мај-јуни, 2008
Есеи

Каде после последната поезија на Анте?

(Кон аманетното златно поетско семе на Анте Поповски: Две тишини, Коска паленица и Пророчки труби. – Скопје, „Pro Littera“, 2005)


/9
стр. 1
Кристина Николовска

Јас сум од оние генерации кои ќе се фалат со тоа дека имале чест лично да се познаваат со него. Јас сум една од оние среќнички кои можеа не само да го слушнат гласот на поетот, туку и да го доживеат неговиот глас, неговата поезија во живо. Уште кога бев дете, неговиот глас за мене беше некако – македонски, можеби и најмакедонски глас што воопшто сум го чула. И неговиот говор беше – најмакедонски што може да биде. Интонацијата, култивираната изразност, беше таква.
    Оти поезијата на Поповски просто води „љубов“ со јазикот. Води отворена љубов со македонскиот јазик. Таа го предизвикува, го заведува, го искушува, го обликува, го прави: погорд, поисправен, подостоинствен. Таа поезија е како жена, љубовница, која на најубав начин го сака својот саканик. Го удостојува јавно, вечно го благословува, го охрабрува за да сфати колку е – велик.
    Така на пример, со Светата песна се освети – и македонскиот јазик. Ни се освети мислата, родот.
    А тие заедно пак, нè поткреваат нас, ни даваат право да се самопочитуваме и воскренуваме. И тоа вечно право. И ќе им дава право на тие по нас.
    Таа поезија реши да го осмисли дотогаш неосмисленото, и тоа на свој, неповторлив, брилијантен начин.
    А ние ја имавме привилегијата да ја дочекаме.
    Со поезијата на Анте Поповски сите станавме поголеми, и јас и Венко, и публиката, и сите ние.

* * *

Денеска е преполна оваа просторија, преполна е нашата писателска „дома“, зошто денеска се згуснавме – сите. Но колку и да сме повеќе, двократно, трикратно, денеска, сите ние имаме право да го споделиме чувството – дека сме осамени. Во моментов се прибравме како големо, огромно тажно семејство на кое му недостига мудриот член од кого секогаш очекуваме да нè поучи како виртуоз, како мудрец, како родител на рафинираната реч. Така нè навикна. Мислам дека уште чекаме, и имаме право да го очекуваме секое парче „злато“ од неговите стихови.
    Така ја дочекавме и најновата „куќа на стихови“ од поетот, – трите постхумно отпечатени книги поезија: Две тишини, Коска паленица, Пророчки труби, во издание на издавачката куќа „Pro Littera“, со благослов од Министерството за култура.
    Две тишини се последниот поетски „издив“, раритет досега нечуен, необјавен, несподелен.
    Ако кон тие стихови пристапиме како кон наша реликвија, тогаш нема поголема сакрализација. Ако оваа поезија ја доживееме како леб и вино, како парче од „телото“ и од „крвта“ на неговата поезија – тогаш тоа е голема, достоинствена причесна. Ако сме верници на поезијата, а сме, тогаш заедно






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+