Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 60 | година XI | мај-јуни, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 60 мај-јуни, 2008
Галерија Осврти

Јавност на Полубратска б.б.

/1
стр. 1
Станко Павлески

Со Јавност на Полубратска б.б. ја затворам продукцијата поттикната од односите околу делото и создавањето. Полубратска б.б. е метафора за односното и состојбите произлезени од него.
    

    Јавност на Полубратска б.б. обединува неколку проекти (2005-2007) што не добија на потребна Јавност (за мирно да завршам со ова…), бидејќи: дел се проекти реализирани ин ситу и изложбено не се третирани; дел не се реализирани и презентирани во Скопје (центарот); дел не се изложувани во Македонија; дел се проекти во списание (јавен, но медиум што не определува уметничкост), а сите заедно, бидејќи уметничката продукција не се следи доволно и за неа не се пишува доволно.
    

    Во проектите проблематизирам и иронизирам со околностите на делото и создавањето и со субјектите на таа околна пракса, најдени во зоната на интереси, зависност и условеност. Полубратска б.б. е локација – седиште на сојузи врз филозофијата на нужното. Таквото нужно е димензија на мојот интерес – место во кое се вкрстуваат авторот и институциите; авторот и критиката; авторите; авторот и уметничката стварност; авторот и творечкиот амбиент; авторот и релативизациите и на нив слични состојби.
    Во проектите се бавам со сакањето/посакувањето. Сакам да ја припитомам суетата. Сакам повеќе волја за слобода. Сакам професионалност, и сакам многу друго што ми/ни недостасува.
    

    Сакам за уметноста да се пишува барем онолку колку што се создава уметност, и тоа: заради толкувањето и посредувањето – заради заробеното парче време и придонесот во надживувањето на најличното од она што е создадено, и заради себе самите (тие по перото), надживувајќи во личното од она што е напишано во времево – тренд на грда релативизација на вредностите. За уметничката продукција кај нас премалку се пишува, но затоа пак премногу се зборува за неа. Како да се објасни овој квалитет на нашето традиционално необврзно ташкарање по материјата, без притоа (од друга страна) да не се нагрди со она, ко попат искажувано од повиканите на пишување, дека: доколку за делото не пишувале, тоа како да не постоело. Има во исказов и дел врашка вистина што ме турка во прашалници. Што би било доколку би пишувале (а и пишуваат) вака оптоварени со споредности (отрови ли се, дали немоќ, што враг е?) – тоа би ја запечатило „вистината“ за уметничкото дело?

Другоста пак во ова, сè поприсутно, за пишувањето (на страна театарот на зборовите/ зборувањето) наликува на волшепствата од театарот на сенки градени од нужностите (што да се чини за да се биде) на веќе медиумот – толкување на уметничкото дело, трансформирани во лажна/ превртена слика за некаквата потреба од надредување или прередување.
    Мене ми е нужна убавината во одсликовноста на зборовите.

Станко Павлески,
    07.01.2008






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+