Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 60 | година XI | мај-јуни, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 60 мај-јуни, 2008
Галерија Осврти

Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

/3
стр. 1
ДЕНЕС 2008

_______________________________________________________________________

ДЕНЕС 2008

Центарот за современи уметности во 2002/2003, во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк, ја воведе годишната награда за најдобар млад ликовен уметник во Република Македонија до 35 години.

Наградата се доделува годишно. Процесот на доделувањето на наградата се состои од неколку фази:
    – Селекција на 4 номинирани уметници,
    – Групна изложба на 4-те номинирани уметници,
    – Стипендија за престој во САД за авторот /авторката на награденото дело.

Начинот на селекцијата е поделен во две фази:
    – Номинации на уметници за наградата, од страна на реномирани критичари на уметноста од Македонија и
    – Конечна селекција на номинираните уметници, од страна на Одборот за наградата, по разгледувањето на номинациите на критичарите на уметноста.

Првонаградениот добива стипендија од шест неделен престој во International studio во Њујорк.

Центарот за современи уметности е одговорен за подготовките и организацијата на сите домашни настани, додека за стипендијата во САД е одговорна Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк.

Проектот е финансиски поддржан од
    • Фондација за граѓанско општество – Њу Јорк
    • Град Скопје
    • Фондација Институт отворено општество – Македонија
    • Центар за современи уметности – Скопје

Жирито во состав Дејан Буѓевац, Катерина Богоева, Христина Ивановска, Борис Петровски и Јане Чаловски, одлучи наградата ДЕНЕС за 2008 година да ѝ ја додели на Ана Ивановска, за делото Тунел.

Тунел – Ана Ивановска

Комуникацијата на делото со набљудувачот е наметната во инсталацијата „Тунел“, преку поставеноста која е доволно тенденциозна да го зароби и менува галерискиот простор. Брановидните движења и трансформирачката моќ на тунелот, ширејќи и стеснувајќи го просторот, предизвикуваат вибрации, навестуваат движење, сензибилитет. Реципиентот и без сопствен избор е ,,втурнат“ во лавиринт од впечатоци создадени преку визуелниот јазик.
    

    Тунелот е создаден од чувства. Тој и самиот претставува чувство. Пандан на женската природа – непостојана, циклична, зависна, менлива, интуитивна. Откритието за таа женска природа се оживотворува во тунелот. Сепак, целовитоста на делото не би постоела доколку е исклучен активниот принцип, машкиот, наспроти пасивниот, женски. Машките симболи се ненаметливо вткаени во самата структура.
    

    Специфичноста на работата со материјал како јаже и неговото исплетување може повторно да се доведе во корелација со женскиот сензибилитет, традиционалното ткаење, но сега со структура изградена низ современ израз.
    

    Женскиот принцип речиси секогаш се поврзува со плодноста. Кај секого постои потсвесно тежнеење за враќање во утробата, потреба за сигурност и заштитеност. Во тунелот се всадува семето на плодноста.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+