Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 60 | година XI | мај-јуни, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 60 мај-јуни, 2008
Звук Осврти

Радост! Ослободува

/2
стр. 1
повеќе автори

_______________________________________________________________________

Урош Миловановиќ

Илегалните слаткари ја претставуваат легалната Радост!
    Радост! Ослободува
(Kornet Recordings)

Хрватскиот состав Радост! со ова издание и официјално станува дел од мултимедијалната, креативна, уметничка група Илегални слаткари (Ilegalni poslastičari), додека Корнет рекордингс со изданијата продолжува да го провоцира домашното поп милје. Она кое Радост! го има, никој на екс-ЈУ просторите не собра сила или храброст да го направи, уште од првите изданија на групата Јарболи.
    Меѓутоа, за разлика од споменатиот белградски состав, на групата Радост!, покрај живиот хумор, најмногу и недостасува фокус. Често се разводнети во склопувањето на римите, кои губат на силина наспроти виртуозните поп-рок мелодии. Така, повеќето од песните остануваат недоречени или, подобро кажано, неускладени. Но, и покрај тоа Радост! (како таква) во поширока смисла успешно го проширува low-fi пристапот кон домашната музика и нејзиното наследство од бившите југословенски простори. Солиден наследник на екстремната поп компилација Што им треба на малите деца.
    Продолжението следува.
    
    Препорака:
GJVN, Svi su mrtvi, Mikroskop, Metamatematika.
    Flashback:
Sve ono što znam o sebi.

Превод: И. И.

Радост! На Last.FM

Владимир Хорват

РАДОСТ – Радост ослободува (2007, Слушај најгласно)

Владимир Хорват

Овој хрватски рок состав од Загреб, прв и единствен пат го гледав во Мочвара на 18 март 2007 година, на прилично збунетата Вечер на српските уметници, при што воопшто не го сфатив нивниот „домашен, сам за себе“ перформанс. Во таа прилика ми изгледаа збунето и „шугаво“, потполно неподготвени, недоречени, неоригинални и здодевни. Меѓутоа, овој албум ги оспорува моите тврдења, зашто станува збор за многу добар студиски материјал од кој може да се заклучи дека Радост се далеку подобри во студио отколку во живо. Песните им се многу радиофонични, студиски солидно продуцирани, а во поглед на компонирањето и аранжманите многу добри, па се отприлика на прагот на првите објави на Азра и избувливите Риперови (PCVC) досетки. Текстовите се идеални, како правени за поклониците на Штулиќевата песнарка, со многу продуховен и проживеан интелигентен, книшки и културолошки проџвакан бунт врз кој заспал Даниел Бифел (Полн куфер / Pun kufer). Музиката, исто така, е многу добра и е проникната со ретро влијанија од блуз, паб и хард рок, алтернатива, нов бран, реге, кабаре, поп-џез, соул, поп-рок, и одлично е аранжирана. Посебна драж Радост има во вокалот на убавкиот Брале, чиј глас е толку патетичен (како на Јурица Паѓен!) што мора да му се верува на сè што ќе изговори и отпее.
    Албумот има и многу ортодоксни и оригинални композиции, како „Да зборуваме за тоа“ / “Razgovarajmo o tome (S.Beckett)”, „Се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+