Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 60 | година XI | мај-јуни, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 60 мај-јуни, 2008
Галерија Осврти

Нови станари на старите адреси и ... обратно

/1
стр. 1
Бојан Иванов

Некогаш (порано), уметниците минуваа низ фазите на своето творештво речиси како да се небески тела коишто ја следат својата судбина на промени. Денес, пак, наместо еднонасочното движење по разновидните теми, ликовни изрази и знаковни системи, творечкиот интерес мигрира од еден медиум во друг.
    

    За скулпторот Станко Павлески (1959, Ерековци, Прилеп), просторот на Мала Галерија е попатна адреса на овие миграции, а изложените објекти се новиот живот на неговите сеќавања и сведоштва за минливиот творечки миг. Местото за средба со јавноста е всушност една лажна адреса, една двосмислена игра со зборови.
    

    Темите на Павлески се во тек на постојана пре-изградба – во секое соочување со другиот. Тековниот објаснувачки контекст на авторот е темата на недоразбирањата помеѓу кревкото дело и општествените очекувања. Тоа ќе рече, сè додека ликовите и настаните од неговата драма на страсти не заминат на некое друго место.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+