Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 61-62 | година XI | јули-октомври, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 61-62јули-октомври, 2008
Проза

Раковиот напоредник

(извадок од романот)


/10
стр. 1
Хенри Милер

Живеам во вилата Боргезе. Овде нема ни трошка нечистотија, ниту стол кој не е на своето место. Овде сме потполно сами и мртви сме.
    Минатата ноќ Борис откри дека е вошлив. Морав да му ги избричам мишките но дури ни тогаш јадежот не престана. Како некој може да фати вошки на вакво прекрасно место? Но, не е важно. Можеби никогаш не ќе се запознаевме толку интимно, Борис и јас, да не беа вошките.
    Борис тукушто ми даде резиме на своите погледи. Тој е климатски пророк. Времето и понатаму ќе биде лошо, вели. Ќе има уште повеќе страдања, повеќе смрт, повеќе очај. Никаде ни најмало навестување за промена. Ракот на времето нè јаде. Нашите херои се самоубиле, или се самоубиваат. Херој, значи, не е Времето, туку Безвременоста. Мораме да тргнеме напред, со маршов чекор, кон занданата на смртта. Нема бегање. Климата нема да се смени.

Есен е од мојата втора година во Париз. Пратен сум овде со причина која сè уште не успевам да ја сфатам.
    Немам пари, немам извори, немам надежи. Јас сум највеселиот човек. Пред една година, пред шест месеци, мислев дека сум уметник. Веќе не мислам на тоа, сум. Сè што беше книжевност отпадна од мене. Повеќе нема книги кои треба да се напишат, фала му на Господа.
    А ова, тогаш? Ова не е книга. Ова е обвинение, клевета, лична навреда. Ова не е книга, во вообичаената смисла на зборот. Не, ова е продолжена навреда, полна уста плунка во лицето на Уметноста, клоца по газот на Бога, на Човекот, Судбината, Времето, Љубовта, Убавината… како сакате. Јас ќе ви пеам, веројатно малку фалш, но ќе ви пеам. Ќе пеам додека пцовисувате, ќе танцувам врз вашиот валкан леш…
    За да пееш, мораш прво да ја отвориш устата. Мораш да имаш чифт гради, и малку музичко знаење. Не е задолжително да имаш хармоника, или гитара. Суштинска работа е да сакаш да пееш. Ова, тогаш, е песна. Јас пеам.
    Тебе, Тања, ти пеам. Би сакал да можев да пеам подобро, помелодично, но тогаш веројатно никогаш не би се согласила да ме слушаш. Си ги чула другите како пеат, а тие те оставиле студена. Тие пеат или премногу убаво, или недоволно убаво.

Дваесет и некој е во октомври. Повеќе не водам сметка за датумите. Дали би се рекло – мојот сон од минатиот 14 ноември? Има интервали, но тие се меѓу соништата и од нив не останува ништо во свеста. Светот околу мене се топи, тук-таму оставајќи дамки од време. Светот


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+