Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 61-62 | година XI | јули-октомври, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 61-62јули-октомври, 2008
Проза

Спиј пред вечерта

(извадок од романот)


/9
стр. 1
Магдалена Бол

Маријана седеше на плажата со Ерик. Воздухот беше тежок, прстите ѝ беа лепливи од сладоледот и од солта. Галебите се шуткаа наоколу барајќи остатоци, еден им се приближи, застана и зјапна во нив со црвените очи во малата бела главичка.
    Влакнестите нозе на Ерик изгледаа огромни наспроти нејзините малечки исончани ноџиња. Сладоледот со сите бои на виножитото беше толку сладок што вилицата ја болеше додека го лижеше од страните и шмукаше парченца низ дупката на дното на корнетот. Јадеше брзо за да може да се врати во водата каде што ја чекаа пријателите.
    „Ајде Маријана, уште не си завршила?“ викаа, но сладоледот беше бескраен, неговата слатка густина ѝ течеше по раката.
    „Изгледа вкусно. Може еден лиз?“ Ерик го истресе песокот од рацете и ги подаде кон неа. „Те молам? Многу ми е жешко.“
    Таа му го подаде сладоледот, со олеснување што не мора да го изеде целиот самата, но топчето на врвот од купот му падна во скутот, неговото црвено, портокалово, зелено и сино срце се растопи по неговиот костум и тој скокна ужаснат, како сладоледот да се претворил во оган. Писокот на Ерик го исполни воздухот, се измеша со криците на галебите како што одлетуваа, нивните бели тела поцрнеа, а воздухот се исполни со чад како што денот се претвори во ноќ.
    
Маријана беше сама, трепереше додека чадот не стана цигарата на мајка ѝ.
    „Шшшш. Сè е во ред, душо. Мама е тука.“
    Таа липаше додека Лили ја држеше цврсто, и ја лулаше напред и назад.

„Изненадена сум што сакаше пак да ме видиш.“
    Подземната железница беше преполна како и обично во сабота попладне, Купувачите со големи торби со реклами на продавниците во кои биле да се подружат ги поткупуваа уморните деца со слатки. Маријана стоеше до Мајлс додека одеа накај периферијата со возот Ц.
    „Мислиш дека си првата што повратила врз мене?“
    „Да, така си помислив.“
    „Не. Гледам повраќаници секој ден. Иако сега мирисаш многу подобро отколку минатата недела.“
    „Неколкупати се искапив од тогаш.“
    „Се разбира. Пази, јас немам када, само мал туш, па капење ми звучи како луксуз.“ Тој се наведна и ја бакна во главата. „Косата прекрасно ти мириса.“
    „Шампон од манго – ЕФА. Мајка ми внимава што употребува.“  
    „Да. Еве сме.“ Мајлс ја слезе Маријана од возот, исклештен како дете кога излегоа од подземната железница на 81-та улица. Таа ја препозна кафената фасада со зелената купола, иако со години не била во Планетариумот Хајден. Нејзините посети секогаш ги комбинираше со посетите на Музејот на природна историја, Ерик ја држеше за


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+