Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Проза

Девојката од Малеш

/9
стр. 1
Димитар Башевски

    Им кажав и таму. Не се сеќавам, реков. Можеш да го препознаеш? Не, не можам. Тогаш, ништо, оди си, ми велат. Направивме записник. За секој случај, велат… Зошто не земеш, јади, те молам да јадеш.
    А ти, зошто не јадеш?
    Остави ме, сакам само да те гледам. Да има така некој да ми доаѓа… Беше темно, како да го познам, а и брзо го снема…
    Ништо не ти рече? Ништо нежно не ти кажа?
    Море, па ти, какви нежности? Му ја видов само сенката кога заминуваше.
    Девојката заплака. Ги размачкуваше солзите по своето грдо лице и стенкаше. Овде, рече потоа, ми жежи. Ме фати над лактот и не сакаше да ме пушти. Црнките во очите ѝ се ширеа пред стравот да не остане сама сред најголемата надеж дека сега колку сака ќе зборува. Ама, сега веќе нема, господ да чува, никој веќе не може да ја запре.
    Ти, Ана, да идеш, понекогаш да идеш, вели… Јас, така, кога сум сама, понекогаш си плачам..Овде мириса на мувла, не е до чистењето, мувлата си е мувла, смрди… Како те донесе господ… Јади, ќе ми го направиш ќефот… Татко ми умре, не знаеше? Сама со двеве раце го капев како од мајка роден и го ставив в гроб…
    Таа ги брише солзите и шмрка. Стана многу грда, погрда отколку што беше. Само ти, ми вели, беше добра спрема мене. И татко ти беше човек, мајка ти беше… Потоа замолча.
    Ја гледам пред мене, шмрка и се тресе. И личи и не личи на онаа од пред неколку години. Се сеќавам кога дојде првпат дома. Седи во еден агол од кујната, умор не покажува, а молчи и гледа во своите глуждави колена. Понекогаш се осмелува не да го крене погледот, туку само да го сврти тајно до толку да види дел од подот и нашите стапала што се нишаа под кујнската маса. Во скутот стискаше врзулче. Празно, видовме подоцна, во него немаше ништо. Тоа беше крпа што таа ја носеше со себе од планината до градот, можеби место ташна или нешто слично во нејзината претстава.
    Едно време се обидовме да се ослободиме од беспомошноста што нè беше опфатила, а која се пренесе на нас од девојката. Што стори мајка ми да почне разговор, ја прашуваше дали има блиски, татко и мајка, брат и сестра, дали нешто знае да работи во домаќинството. Таа, нашата идна помошничка во домот, само молчи. Едно време мајка ми стана, беше подналутена, рече дека ќе свари кафе. Тогаш ја






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+