Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 61-62 | година XI | јули-октомври, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 61-62јули-октомври, 2008
Есеи

Отсутни татковци

/2
стр. 1
Јасна Котеска

Еден од најважните елементи на поп културата денес, е сликата за „отсутниот“ татко како „носител на доброто“.
    Таткото мора на своите деца да им каже каде лежи бруталноста на поредокот.

1.
    Во новиот филм на Алмодовар „Волвер“ (2006) нема мажи. И подраматично, нема татковци. Има една сцена, од погребот на тетката, во која група мажи стојат скаменити, безгласни и неважни. Како статуи од некое минато време, кога имале улога. Додека сега се бескорисни. „Волвер“ е филм за две сестри, една ќерка и една мајка. И некои придружни сосетки што доаѓаат на фризерај и што месат пити. Тие се тестото на светот на Алмодовар. Втората сцена во која има мажи е повторно масовна сцена. Тоа е во ресторанот што го води Пенелопе Круз. Тие се некоја филмска екипа што таму снима некаков филм. Мажите доаѓаат да ручаат, галамат без сексуални закани, јадат, пијат, плаќаат и си одат по својот пат. Единствениот профилиран маж во „Волвер“ е мажот на Пенелопе Круз. Тој се спрема да изврши инцест, ама е убиен навреме и детето е спасено.

Така е кај Алмодовар кој прави филмови за модерни времиња. Неговата поетика вели дека хармоничниот свет денес е можен само со радикално отсуство на мажите. Светот си останува патријархален. Но жените во него се чувствуваат добро, само ако не ги гледаат мажите. Кај Алмодовар, линиите помеѓу машкиот и женскиот свет се целосно повлечени. Меѓу нив нема можност за помирување.

2.
    Алмодовар е симптом за една важна линија во поп културата. Ќе ја наречам култура на отсутните татковци. Се сеќавате на култната серија за тинејџери „Семејни врски“ на Голдберг од раните 1980-ти? Тоа беше приказна за еден татко, една мајка и нивните четири деца, синот Алекс (го играше Мајкл Џ. Фокс), сестрите Мелори и Џенифер и најмалиот брат Енди. Тоа беше првиот вистински исплатлив семеен ситком. Доживеја успех откако продуцентите сфатија дека имиџот за среќно семејство е возможен само ако таткото се развласти од сите статусни привилегии. Стивен Китон беше целосна спротивност на фројдовскиот садистички татко од минатите времиња. Таткото не наметнуваше вкус, вредности и принципи. Така стана првиот вистински татко-херој. Семејните ситкоми што следеа, го преземаа овој имиџ на збунетиот татко-либерал; друг таков пример беше „Козби шоу“.

3.
    Патот од „Семејните врски“ до филмовите на Алмодовар, го изоде еден друг филмски татко. Оној на Бењини од „Животот е прекрасен “ (1997). Таткото и синот се затвореници во нацистичкиот логор на смртта. Таткото почнува да гради имагинарен свет за да го заштити своето дете од






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+